Достапни линкови

Поради долгови кон превозниците запре превозот на ученици во Струга


Дел од учениците во струшките средни училишта кои доаѓаат од селските средни не одат на училиште, бидејќи треба да плаќаат за превоз од сопствен џеб, иако превозот треба да биде бесплатен.

Долговите си го направија своето па струшките превозници веќе неколку дена одбиваат да ги превезуваат учениците до училиштата. Поради ова се создава револт и кај родителите и кај самите ученици. Директорите очекуваат решавање на проблемот наскоро, додека локалните власти со свои објаснување за новонастанатата ситуација.

Тендерот за превоз сè уште е во процедура и не е завршен. За разлика до минатата година, сега со нов закон Владата не дозволува да се потпишат анекс договори за продолжување на договорите, сè додека не заврши новиот тендер. Поради тоа директорите не смеат да потпишат такви договори и затоа е ваква ситуацијата.
Сурија Рушити, раководител на секторот за образование во Општина Струга.

Сурија Рушити, раководител на секторот за образование во Општина Струга, вели дека причината се долговите кон превозниците.

„Тендерот за превоз сè уште е во процедура и не е завршен. За разлика до минатата година, сега со нов закон Владата не дозволува да се потпишат анекс договори за продолжување на договорите, сè додека не заврши новиот тендер. Поради тоа директорите не смеат да потпишат такви договори и затоа е ваква ситуацијата“, рече Рушити.

Илустрација.
Илустрација.

Поради ова дел од учениците кои доаѓаат од селските средни не одат на училиште бидејќи во спротивно ќе треба да плаќаат за превоз од сопствен џеб, иако превозот треба да биде бесплатен.

Принципот на доделување на блок дотациите е според бројот на ученици, меѓутоа најголем дел од учениците во двете средни училишта во Струга, околу 80 отсто, патуваат од село, што значи дека трошоците за превоз во Струга и Скопје не се исти. Голем дел од трошоците потпаѓаат на превоз на ученици.
Јован Митрески, професор во средното училиште Нико Нестор и секретар во ОО на СДСМ во Струга.

Јован Митрески, професор во средното училиште Нико Нестор и секретар во ОО на СДСМ во Струга, смета дека превозниците биле во право бидејки фактурите за превоз не им биле платени со месеци, а на некои и со години.

„Проблемот кај централната власт е тоа што блок дотациите кои доаѓаат за основно и средно образование се далеку од потребите на училиштата. Принципот на доделување на блок дотациите е според бројот на ученици, меѓутоа најголем дел од учениците во двете средни училишта во Струга, околу 80 отсто, патуваат од село, што значи дека трошоците за превоз во Струга и Скопје не се исти. Голем дел од трошоците потпаѓаат на превоз на ученици“, вели Митрески.

Тој вели дека решение на проблемот е зголемување на блок дотациите трошоците да се измируваат за на време. Според него, буџетот со кој располагаат училиштата е недоволен да ги покријат основните трошоци како што се варосување на училниците, а не пак за некои поголеми потреби. Струшките училишта се соочуваат и со долгови за нафта за греење и струја.

Во Струга десет од вкупно 13 училишта се со блокирани жиро сметки, вели раководителот во секторот образование Сурија Рушити. Големи се вкупните долгови, па поради тоа средствата кои општината ги пушта за училиштата завршувале кај извршителите.

„Околу транспортот размислуваме да го реформираме овој дел можеби со формирање на некое јавно претпријатие за транспорт на деца, преку добивање на возила и средства преку донација. Бараме такви можности за да го избегнеме овој начин на објавување на тендери и тоа поевтино ќе нè чини. За оваа година веќе е доцна“, вели Рушити.

Некои од училиштата во Струга имаат наследени долгови уште од 2011 година.

XS
SM
MD
LG