Достапни линкови

Ригорозни и незаконски казни за страв и паника кај наставниците?


Илустрација.
Илустрација.

Наставниците се жалат дека казните поради различните резултати на екстерното се казнети 12 месеци по 15 насто од плата, иако, како што велат, Законот за работни односи вели дека казната може да биде најмногу 6 месеци.

Превисоки казни, спротивни од Законот за работни односи, кои ги држат наставниците и професорите во страв и во паника. Вакво е мислењето на синдикатот и на некои наставници за паричните казни во висина од 15 отсто од платата за цела година поради различните резултати на екстерното тестирање и оценките на учениците што тие им ги дале.

Максимално е неприфатливо паричните казни во образованието да се повисоки отколку што се предвидува во Законот за работни односи. Значи, ако основниот закон за односите меѓу работниците и работодавачите предвидува максимална парична казна 15 проценти во траење од 6 месеци, која е причината во образованието да биде 15 проценти во траење од 12 месеци.
Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Досега Министерството за образование казни околу 900 наставници, а дел од нив одлучија да ги тужат училиштата.

Илустрација.
Илустрација.

Наставничката од основно училиште Јулија Петровска вели дека, иако покрај казните има и награди во иста висина од 15 насто, системот треба да се ревидира, казните да се ублажат и да се види дали тие делуваат фрустрирачки врз нив.

„Мислам дека ниту една друга професија не е толку силно девалвирана, некој човек, затоа што учениците покажале таков резултат или зашто тој одбрал да ги оценува на тој начин, а има образложение зошто постапил така, на крајот на добие казна од платата, која не само што е висока, туку и премногу долго трае“, вели Петровска.

Токму поради ова веќе цело време се мислат дали да ја стават подобрата оценка, дали да бидат пореални во смисла на строгоста кон знаењето или, пак, да користат воспитен елемент, односно да се наградува трудољубивоста.
Јулија Петровска, наставничка во основно училиште.

Според претседателот на Синдикатот за образование наука и култура Јаким Неделков, казнувањето на наставниот кадар не само што е преригорозно, туку, како што вели, е и незаконско, оти било во спротивност со Законот за работни односи.

„Максимално е неприфатливо паричните казни во образованието да се повисоки отколку што се предвидува во Законот за работни односи. Значи, ако основниот закон за односите меѓу работниците и работодавачите предвидува максимална парична казна 15 проценти во траење од 6 месеци, која е причината во образованието да биде 15 проценти во траење од 12 месеци“, прашува Неделков и додава дека само по пат на екстерно тестирање не може да се вреднува трудот на наставниците, туку дека тоа може да биде само еден инструмент по кој ќе се цени нивната работа.

И додека не се расчистат несогласувањата меѓу наставните и министерството, оние кои ја држат наставата тврдат дека работат во страв и паника од нови казни.

„Токму поради ова веќе цело време се мислат дали да ја стават подобрата оценка, дали да бидат пореални во смисла на строгоста кон знаењето или, пак, да користат воспитен елемент, односно да се наградува трудољубивоста“, вели Петровска.

Екстерното тестирање на учениците првпат беше спроведено лани. И пред неговото почнување и сега, процесот го следат несогласувања од дел наставници, родители и ученици. Министерството тврди дека ваквиот концепт бил меѓународно познат и се применувал во 30 европски образовни системи.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG