Огромен број на истражувања, независно дали ги прават домашни или меѓународни организации, како главен приоритет кој се појавува поврзан со младите е нивното вработување и малата стапка на вработени млади луѓе.
Во текот на годините, младите од Македонија се повеќе стануваат пасивни, се повеќе се демотивирани и не веруваат во институциите на системот. Младите се повеќе ја губат вербата дека тука во Македонија можат да имаат светла иднина.
Во текот на годините, младите од Македонија се повеќе стануваат пасивни, се повеќе се демотивирани и не веруваат во институциите на системот. Младите се повеќе ја губат вербата дека тука во Македонија можат да имаат светла иднина и проблемот со немањето работа и со многугодишното барање на работа, најмногу влијае на нивната недоверба во системот и излезот да го гледаат во странство. Можеби ова е главната капка со која се прелева чашата и поради која најголем дел од младите се решаваат својата иднина или подобар живот да го бараат надвор од нашата земја, преземајќи го ризикот да заминат во земја во која ќе бидат сами, ќе работат најниско квалификувана работа, но пред се ќе заработат добро. Тоа е основниот мотив кој ги привлекува или ги мами за да размислуваат и на крај се решат на тој чекор. Но ова не е ништо ново или непознато помеѓу сите нас.
Познавачите на состојбите постојано говорат за овој проблем меѓутоа и покрај тоа што многу мерки за вработување се спроведуваат, сепак ефектите не можат да се видат, а младите не го менуваат својот став кон ова прашање! Иако, постојано се говори за иднината на младите во Македонија и дека овие состојби водат и директно се поврзани со образовниот систем, што значи дека работите мора да се менуваат, иако доста е направено, треба да се направи уште многу!
Ако тоа е така, тогаш значи дека главниот предизвик со коj треба да се соочи и владата и сите оние институции и организации кои работат на полето на младите е токму тој, како да се пристапи малку пофокусирано кон проблемот, како да се изнајде конкретно, долгорочно и пред сè консултирано решение, за да обезбедат подобри услови за вработување на младите луѓе.
Неколку организации во Македонија, како и Коалиција на младински организации СЕГА, во последните години развиваат голем број на проекти со кои активно се дава придонес кон решавањето на овој проблем, базирајќи се на различните странски искуства. Држава од која што можеме да научиме од добрите практики е Германија, каде што, според Еуростат, во мај 2006 стапката на невработеност е 10,3 проценти, а во август 2014 е 4,9 отсто. Можеби е лоша споредбата помеѓу Македонија и Германија, но ако сакаме да имаме успех мораме да учиме од најдобрите!
Држава од која што можеме да научиме од добрите практики е Германија, каде што, според Еуростат, во мај 2006 стапката на невработеност е 10,3 проценти, а во август 2014 е 4,9 отсто. Можеби е лоша споредбата помеѓу Македонија и Германија, но ако сакаме да имаме успех мораме да учиме од најдобрите!
При една студиска посета во Германија, во институциите кои се одговорни за спроведување на политиката за вработување на младите, сакавме да научиме каде е клучниот момент во кој се крие решението за вработување на младите. Од процесот на учење увидовме дека целиот систем за вработување и поддршка пред вработување се базира на синхронизација на образовниот систем со пазарот на трудот. Ова ни покажува дека неопходниот чекор кој ние како држава треба да го направиме е во делот на реформи во образованието, токму во таа насока да генерира кадар кој ќе биде адекватен на потребите на пазарот на трудот, т.е. во согласност со потребите на бизнис секторот.
А во Македонија, актуелни се образовните реформи кои некако многу често се дизајнираа изминатиот период. Меѓутоа прашањето кое треба да се постави во овој момент е дали со овие реформи ќе се подобри општествената положба на младите луѓе на пазарот на труд во Република Македонија? Дали со овие реформи, кои го оптоваруваат образовниот систем, ќе го направи младиот ученик и студент поспремен и повработлив кадар? Дали оптеретувањето на учениците со долгата настава во училиштата 5 дена во неделата ќе го даде истиот придонес како на пример со двојниот образовниот систем во една Германија каде што учениците имаат 2 дена училишна настава и 3 дена практична настава? Одговорот е апсолутно не!
Владата мора да го земе во предвид овој момент и да се направат првите чекори кон стратегија за што поголемо интегрирање на практичната настава во образованието кое ќе обезбеди од него да излезат млади со вистински практичен капацитет и потенцијал за кои без размислување би ги посакал секој работодавец да ги има во својата компанија. Ќе мораме да ги преадаптираме новите мерки за поддршка на вработувањето на младите со мерки преку кои ќе овозможиме да станат поконкурентни со вештини и искуства на пазарот на трудот, но и да се субвенционира секое вработување на младиот човек. Потребно е да се отвори широк консултативен процес и да се направат промени во образовниот систем кои вистински ќе кореспондираат со моментални потреби на младите и со потребите на бизнис секторот.