Иако истражувањата покажуваат дека поголем дел од младите повеќе се заинтересирани да работат во државната администрација, отколку да започнат сопствен бизнис, некои од нив велат дека сакаат да имаат сопствена фирма, но таков чекор би направиле само со добар бизнис план кој ќе гарантира успех.
Би отворила сопствен бизнис, повеќе можеш да заработиш отколку во државна администрација.Анкетиран граѓанин.
„Би отворила сопствен бизнис, повеќе можеш да заработиш отколку во државна администрација.“
„Да, би се обидел, доколку имам добар бизнис план и доколку мислам дека тоа би било успешно.“
„Најубаво е во приватна фирма, да не зависиш од никого.“
„Само за нешто што би можело кај нас да успее, з анекој друг потфат не би се осмелила.“
Интересот кај младите да започнат сопствен бизнис постои, но постои и страв од недостаток на информации и сигурност дека ќе во тоа ќе успеат, вели Зоран Илиески од Коалицијата на невладини организации „СЕГА“.
Има и друга состојба која секогаш ги тера младите да размислуваат за својата доцна егзистенција или сигурност затоа што поволните услови и се почестото вработување во јавната администрација ги доведува во колебање што да прават.Миле Бошков, Бизнис конфедерација на Македонија.
„Имаме се повеќе млади коишто на прво место на очекувањата за понатамошното вработување се уште се наоѓа јавната администрација, каде што ризкот за нив е релативно многу помал, бидејќи не постои влог и токму затоа на приоритетната листа за вработување кај нив е јавната администрација. Втор приоритет кај нив е вработување во бизнис секторот и трет приоритет е отворање на сопствен бизнис. Ако го анализираме ова, ќе видиме дека е нешто кое што значи намалена одговорност, кое не бара доволно капацитети и вештини и од друга страна е стабилноста во работењето е мотивот поради кој младите првично сакаат да се вработат во јавната администрација, решавајќи го доживотно нивниот проблем според нивните очекувања и размислувања.“
Илиевски додава дека е потребено стратешки да се пристапи кон проблемот и да се обезбеди повеќе едукација за младите. Според него, Владата треба повеќе да размислува за мерки коишто ќе ги охрабрат младите да креираат планови за сопствени бизниси.
„Ова дефинитивно ќе влијае на подолг временски рок, бидејќи ќе имаме се поголем број млади кои започнале свој бизнис, тоа значи дека ќе имаме поголем број на отворени работни места и ќе имаме поголем мотив кај младите да го направат тој чекор и ќе влијае на поголем број млади да размислуваат да останат во нашата земја.“
Според анализата на Бизнис конфедерацијата на Македонија постојат млади кои по завршувањето на нивното образование размислуваат исклучиво за формирање на своја компанија и постепено нејзино зголемување. Директорот конфедерацијата, Миле Бошков, вели дека до 25 отсто од невработените млади имаат желба да почнат свој бизнис.
„Целата информатичка технологија и можностите за добивање информации имаат големо влијание. И програмите кои ги овозможува Европската унија преку програмата за млади претприемачи „Еразмус“ каде што младите имаат можност да бидат обучени, меѓутоа има и друга состојба која секогаш ги тера младите да размислуваат за својата доцна егзистенција или сигурност затоа што поволните услови и се почестото вработување во јавната администрација ги доведува во колебање што да прават.“
Бошков истакнува дека мерките на Владата поттикнуваат самовработување, но состојбата е „тројно балансирана“, бидејќи баласонт помеѓу самовработувањето е еднаков со вработувањето во јавната администрација и со вработувањето во приватниот сектор. Според него младите треба да имаат полесен пристап до финансии и поддршка на добрите бизнис идеи.