Жените тешко до работа, лесно до отказ

Законот за работни односи забранува отказ за бремена жена, но овој закон ги штити само жените кои се вработени на неопределено време, но не и жените коишто се вработени на определено време.

Жените во Македонија немаат еднаков пристап до вработувањето како мажите, покажува праксата. Тие уште при самото интервју добиваат лични прашања за тоа дали планираат семејство и кога планираат да раѓаат, во одредени ситуации се случува и да потпишат договор според кој жената нема да забремени извесно време за да може да добие договор за вработување.

Се вработив во приватна фирма за компјутери со завршен Економски факултет, но по одредено време останав бремена. Договорот што го потпишав беше на три месеци со тоа што инцидентно излезе да морам да лежам во првиот месец од бременоста, тоа беше непланирано, сопственикот беше известен на време, но и покрај тоа што го известив веднаш штом заврши договорот, односно два дена пред да ми заврши договорот, јас бев одјавена без никакво образложение.
Интервјуирана млада жена.

Ова се дел од проблемите со кои се соочуваат жените при вработување, велат од мрежата за заштита од дискриминација. Неодамна своето негативно искуство во приватниот сектор со нас го сподели една млада мајка. Плашејќи се да не ѝ се повтори истото на новото работно место, таа побара да остане анонимна.

Илустрација.

„Се вработив во приватна фирма за компјутери со завршен Економски факултет, но по одредено време останав бремена. Договорот што го потпишав беше на три месеци со тоа што инцидентно излезе да морам да лежам во првиот месец од бременоста, тоа беше непланирано, сопственикот беше известен на време, но и покрај тоа што го известив веднаш штом заврши договорот, односно два дена пред да ми заврши договорот, јас бев одјавена без никакво образложение“, вели нашата соговорничка.

Законот за работни односи забранува отказ кога жената е бремена, меѓутоа ова е нормално само за оние што се вработени на неопределено време, така што не постојат посебни механизми коишто ги штитат и жените вработени на определено време.
Неда Чаловска, активистка.

Таа вели дека поради настаната ситуација морала да остане дома без никаков надоместок во следните две години.

„Сето тоа се случува на 25-годишна возраст, меѓутоа тоа е генерално, според мене, проблем во сите приватни фирми, коишто за да не губат работник или да не губат континуитет во својата работа едноставно со завршувањето на договорот или кога некоја од работничките ќе остане бремена, го прекинуваат договорот“, вели нашата соговорничка.

Законот за работни односи забранува отказ за бремена жена, но овој закон ги штити само жените кои се вработени на неопределено време, но не и жените коишто се вработени на определено време, вели координаторот на проектот за заштита од дискриминација Неда Чаловска.

„Законот за работни односи забранува отказ кога жената е бремена, меѓутоа ова е нормално само за оние што се вработени на неопределено време, така што не постојат посебни механизми коишто ги штитат и жените вработени на определено време“, вели Чаловска.

Таа додава дека предложениот проект на Фондот за здравствено осигурување, не само што нема да овозможи еднаков третман и навремено исплаќање на надоместокот за породилно отсуство, туку и ја поддржува негативната пракса за невработување на млади жени во репродуктивен период.

„Бараме воопшто да не се случат какви било измени или доколку се случат, тие треба да бидат во насока на унапредување и забрзување на постапката за исплата на средствата, а не отежнување, како што ќе се случи со овие мерки“, вели Чаловска.

Проектот „Побрза исплата на породилните надоместоци и боледувања“ е наведен во изборната програма на владејачката ВМРО-ДПМНЕ каде што се вели дека краен рок за спроведување е јуни 2015 години, додека од Фондот изјавија дека се размислува тој да стартува од 2016 година. Според Фондот, сегашниот процес на остварување на правото по основ надоместок на боледување или породилно отсуство се наоѓа во „административен триаголник“ помеѓу работникот, работодавачот и Фондот и дека со новите механизми придобивки имаат работодавачите, работниците, но и Фондот, а особено во смисла на ажурноста, навременоста на исплатите и сервисирањето на податоците.

Според податоците на мрежата за заштита од дискриминација, најголем број од невработени жени се на возраст од 25 до 34 години, односно во репродуктивниот период.

Разлики постојат и во регулираниот работен однос, поточно бројот на формално вработени мажи е поголем од бројот на формално вработени жени, а учеството на вработените жени во приватниот сектор е помал во однос на мажите.