Новиот состав на Конгресот во кој ќе доминираат републиканците треба да ја почне работата од јануари идната година, а претседателот Обама на прес-конференцијата по изборите најави дека утре во Белата куќа ќе им биде домаќин на конгресните раководства на двете партии на разговори за соработката во наредните две последни години од неговиот мандат.
Јас сум желен да работам со новиот Конгрес за наредните две години да бидат што е можно попродуктивни. Јас сум посветен на тоа идеите да ги мерам не по тоа дали се од демократите или од републиканците, туку дали се добри за американскиот народ.Барак Обама, претседател на САД:
Обама вети дека ќе работи со републиканците на продуктивен начин и оти изборните резултати биле сигнал од гласачите дека тие сакаат нивните избраници во Вашингтон да си ја вршат работата.
„Јас сум желен да работам со новиот Конгрес за наредните две години да бидат што е можно попродуктивни. Јас сум посветен на тоа идеите да ги мерам не по тоа дали се од демократите или од републиканците, туку дали се добри за американскиот народ“, рече американскиот претседател.
Светот треба да знае дека ние сме обединети околу овој напор и оти нашите војници ја заслужуваат нашата јасна и единствена поддршка. Прерано е да кажеме дали победуваме, бидејќи, како што кажав и при покренувањето на кампањата, станува збор за долгорочен план.Барак Обама, претседател на САД:
Обама изјави дека ќе поднесе барање до Конгресот за финансирање на американските војници и лекари во Западна Африка кои се борат против ширењето на еболата.
Најавувајќи го неговиот ангажман со Конгресот за нови овластувања околу употребата на воена сила против милитантите на Исламската држава, тој рече:
„Светот треба да знае дека ние сме обединети околу овој напор и оти нашите војници ја заслужуваат нашата јасна и единствена поддршка. Прерано е да кажеме дали победуваме, бидејќи, како што кажав и при покренувањето на кампањата, станува збор за долгорочен план“, изјави Обама.
Евентуалната нова одлука на Конгресот би значела ново поглавие во американскиот ангажман на Блискиот исток.
Претседателот Обама на прес-конференцијата изрази претпазлив оптимизам во врска со постигнувањето договор со Техеран за иранската нуклеарна програма.
„Дали ќе можеме да постигнеме договор ќе дознаеме во наредниве три до четири недели. Им презентиравме рамка која ќе им овозможи да ги исполнат нивните мирољубиви енергетски потреби“, рече тој.
Според Обама, останува отворено прашањето дали иранското раководство ќе го прифати понуденото и ќе се договори со меѓународната заедница.
Иран инсистира на тоа дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели и бара укинување на санкциите.