Тесен просторот за нова политичка партија на Албанците

Илустрација.

Една чиста партија не може да се појави, затоа што двете најголемите партии на Албанците ќе се соединат за да ја уништат, како што и се случуваше во минатото, вели аналитичарот Алајдин Демири.

По најавите дека на почетокот на идниот месец ќе биде промовирана нова политичка партија на Албанците, експертите не гледаат шанса за значителен успех на уште една партија во албанскиот политички блок.

Една чиста партија не може да се појави, затоа што двете партии ќе се соединат за да ја уништат, така беше во минатото кога јас формирав партија, така беше кога господинот Османи се осмели да формира партија, така беше со Имер Селмани и тука не се менуваат работите.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Новоформираниот политички субјект на Албанците не може да направи каков било пресврт во албанскиот блок, коментира аналитичарот Алајдин Демири. Тој смета дека со ова на граѓаните нема да им биде понудена трета опција и дополнува дека безмалку е сигурно оти битката за освојување гласови ќе остане да се води меѓу најголемите партии. Теренот на албанската сцена е многу потесен и е многу потешко да се привлечат нови гласачи и симпатизери, вели Демири.

Илустрација.

„Иницијативата за нова партија во политичкиот свет кај Албанците е нужно зло. Има еден основен проблем, да се основа партија е многу лесно, но да се добијат гласови за да се верифицира партијата е многу тешко“, вели Демири.

Ние имавме и внатрешни неразбирливи конкуренции кај албанската опозиција, знаете се појавија 4-5 мали партии, нивната цел беше да ја победат ДПА, не да победат некого кој е на власт. И денеска сме во таква ситуација во која ДПА е единствена опозициска партија која опстојува.
Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Партијата најави дека ќе се идентификува со политичко дејствување, граѓански акции и јавни дебати. Пред овие избори се појавија неколку други новоформирани политички партии, но сепак битката остана да се води меѓу најголемите партии. Претседателот на ДПА Мендух Тачи, кој едногласно беше реизбран на позицијата на последниот конгрес, вели дека тие остануваат единствената опозициска партија на Албанците во Македонија која опстојува.

„Ние имавме и внатрешни неразбирливи конкуренции кај албанската опозиција, знаете се појавија 4-5 мали партии, нивната цел беше да ја победат ДПА, не да победат некого кој е на власт. И денеска сме во таква ситуација во која ДПА е единствена опозициска партија која опстојува“, изјави Тачи.

На страната на албанскиот блок во последно време и струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој најави нов партиски конгрес, имплицира исто така можност од појавување нова партија. Меѓутоа, Демири е уверен дека политичка опција која би можела да биде алтернатива на постојните нема да се појави наскоро.

„Една чиста партија не може да се појави, затоа што двете партии ќе се соединат за да ја уништат, така беше во минатото кога јас формирав партија, така беше кога господинот Османи се осмели да формира партија, така беше со Имер Селмани и тука не се менуваат работите“, вели Демири.

Во меѓувреме, последните неколку изборни циклуси покажаа дека голем дел од граѓаните не гласаат, со што се создава простор за трета опција, но искуството досега покажува дека ниту една помала партија не се наметна посериозно.