Сè помали се надежите дека јавните дебати за екстерното тестирање може да помогнат да се најде најдобриот модел за унапредување на системот за контрола на квалитетот во високото образование по последната дискусија која главно помина со позитивни реакции и коментари од поголемиот дел од учесниците.
Прашање до Државниот универзитет Тетово - За што му честитате на Министерството за образование, дали за дисперзираните студии од коишто претпоставувам дека со оваа мерка ретерира, дали можеби за условите во кои живеат студентите во студентските домови или можеби за кадрите кои излегоа од вискообразовните клупи и така лесно се вработуваат.Марјан Забрчанец, МОФ.
Поостри забелешки и сугестии можеа да се слушнат единствено од претставниците на Младинскиот образовен форум. Нивните дилеми не беа само зошто има потреба да се воведува овој модел кога во постојниот закон има контролни механизми, туку дека оваа мерка може да ја загрози автономијата на Универзитетот, како и на кој начин ќе им помогне на младите да се вработат полесно со оглед дека оваа мерка не нуди знаење, туку чуден начин на оценување.
Марјан Забрчанец од МОФ се обиде да добие одговор зошто некои од дискутантите од Тетовскиот универзитет му честитаат на Министерството за образование во врска со оваа мерка.
Слушнавме конкретни дилеми и слушнавме конкретни предлози, очекувам таа дебата да продолжи и понатаму со другите дискутанти, а не прашања. Ќе одговорам на сите прашања, меѓутоа очекувам тоа што немаше време вашиот прв претставник да го каже, да предложи некој друг.Абдулаќим Адеми, министер за образование.
„Прашање до Државниот универзитет Тетово - За што му честитате на Министерството за образование, дали за дисперзираните студии од коишто претпоставувам дека со оваа мерка ретерира, дали можеби за условите во кои живеат студентите во студентските домови или можеби за кадрите кои излегоа од вискообразовните клупи и така лесно се вработуваат“, праша Забрчанец.
Наведувајќи дека има простор за предлози, но дека нема простор за прашања, министерот Абдулаќим Адеми рече дека оваа идеја допрва ќе се разгледува.
„Слушнавме конкретни дилеми и слушнавме конкретни предлози, очекувам таа дебата да продолжи и понатаму со другите дискутанти, а не прашања. Ќе одговорам на сите прашања, меѓутоа очекувам тоа што немаше време вашиот прв претставник да го каже, да предложи некој друг“, речи Адеми.
Министерот Адеми појасни дека во делот на проверката на знаењето на студентите се увидело дека постојните механизми не се доволно функционални, а во однос на автономијата дека нема да дозволи таа да биде загрозена. Адеми рече дека овој модел постои во Норвешка, Велика Британија, Данска и во уште неколку други држави.
„Тоа пред сè е обврска на одборот за евалуација и акредитација, меѓутоа некои од одредбите не се имплементираат и токму затоа некои од актуелните решенија можеби би се укинале и да се воведат нови механизми, може да биде државен испит, надворешна евалуација или друг вид на евалуација“, изјави Адеми.
Дел од забелешките на МОФ се однесуваа и на тоа дека треба да се размислува за унапредување на системот за контрола на квалитетот, но дека конечното решение и идеи треба да дојдат од академската заедница. Нагласија и дека не може да се толерираат толкав број измени во законот за високо образование, зашто тоа го оневозможува стратешкото планирање.
Претставник од приватен универзитет од Струга побара целиот проблем со квалитетот на студии да не се лоцира кај приватните универзитети, бидејќи тие опфаќаат само 10 проценти од вкупната студентска популација во државата.
На дебатата имаше претставници од невладини организации и од тетовскиот и од штипскиот Универзитет, но беа поканети претставници од најстариот и најголемиот Универзитет во државата, УКИМ.