За да се подобри посетеноста, а туризмот да се потпира на сопствените сили, потребно е перманентно вложување во инфраструктура и стратегија која ќе ја прават стручни лица. Ова е коментарот на дел од туристичките работници, по последната одлука на владата да ги зголеми субвенциите за привлекување туристи од земјите од регионот од сегашните 25 на 35 евра по турист. Провокација и субвенција за вистински туризам е парите да се вложат во квалитетна услуга, сместување и квалитетен трансфер, коментира Ангел Иванов, сопственик на туристичка агенција.
Повеќе би дал субвенции за инфраструктурата во Македонија. Ако еден турист се симне на железничката станица, каде што има појдовна станица, затоа што секаде во светот така е направено, една верига од трансфери, и тој на пример сам ќе си отиде во Матка, значи со автобус, воз, метро, сè е така синхронизирано и поврзано, тоа е провокацијата за еден вистински турист.Ангел Иванов, туристички работник.
„Повеќе би дал субвенции за инфраструктурата во Македонија. Ако еден турист се симне на железничката станица, каде што има појдовна станица, затоа што секаде во светот така е направено, една верига од трансфери, и тој на пример сам ќе си отиде во Матка, значи со автобус, воз, метро, сè е така синхронизирано и поврзано, тоа е провокацијата за еден вистински турист“, вели Иванов.
Според последната одлука на владата, услов за добивање субвенција е да имаат организиран престој во Македонија со најмалку седум ноќевања, како и организирано да доаѓаат во земјава со авионски превоз. На оваа информација дел од туристичките работици реагираат со оценка дека тоа е неприроден начин на привлекување туристи, а други побараа одговори од владата зошто субвенциите не се универзални.
За да можете да ги ангажирате повеќе туристичките агенции, на инкамингот, морате да внесете некакви вакви инструменти кои не се нешто иновативно, туку тие постојат традиционално.Науме Мариновски, универзитетски професор.
Субвенциите се секаде во светот прифатени и не се во контекст на промоциите, туку имаат стимулативна улога, смета професор Науме Мариновски. Државата стимулира такви туристички агенции кои ќе можат да донесат туристи, вели тој.
„За да можете да ги ангажирате повеќе туристичките агенции, на инкамингот, морате да внесете некакви вакви инструменти кои не се нешто иновативно, туку тие постојат традиционално“, вели професор Мариновски.
Но, со ова не е решен проблемот со посетеноста на Македонија како туристичка дестинација и не се искористуваат сите можности за многу поголем приход на туристичките работници. И покрај сите реклами мора да се даваат и субвенции да се привлечат туристи. Ако не се збогати квалитетот на услугата, не може да бидеме конкурентни, дополнува Иванов.
„Со оваа инфраструктура на хотели, патишта, сместување, еден разглед на Охрид, е мачнина, бидејќи овие електрични автомобили коишто ги има во Скопје, треба исто такви и исто толку да има и во Охрид за разглед, треба да направиме една глатка Македонија и тој да ја разгледува и Македонија и сето ова што е атрактивно. Тие пари во тоа да ги вложиме и тоа да биде субвенцијата“, вели Иванов.