Туристите кои ова лето престојуваат во Охрид имаат можност да пополнат анкетни листови и да напишат што им се допаѓа, а што не во Охрид. Опфатени се повеќе прашања од хотелско-угостителското работење, за сликата во градот и гостољубивоста на охриѓани, но и за други сегменти.
Кога ќе бидат анкетните истражувања на терен ќе се пристапи кон нивна анализа. Потоа ќе имаме увид во однос на задоволството или незадоволството во одредени сегменти во туризмот во Охрид.Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам во Општина Охрид.
Ѓоко Апостолов, раководител на секторот за туризам, вели дека анкетата ќе се реализира до крајот на септември. Според одговорите на туристите ќе се базира и крајниот резултат кој ќе биде јавно објавен.
Охрид треба да го промени начинот на концесионирање со плажите како што е и во Грција. Ако е лежалката 150 денари да има гратис пијачка.жител на Охрид.
„Кога ќе бидат анкетните истражувања на терен ќе се пристапи кон нивна анализа. Потоа ќе имаме увид во однос на задоволството или незадоволството во одредени сегменти во туризмот во Охрид. Анкетните листови најмногу се дистрибуираат по хотелите и угостителските објекти каде има најголема фреквенција на гости. Минатата година, бидејќи истражувањето почна во септември, повеќе бевме насочени кон кабинетски истражувања, преку Фејсбук и преку анализа на книгите на впечатоци во хотелите. Оваа година имаме подиректен пристап и одговорите годинава ќе бидат порелевантни“, вели Апостолов.
Угостителите и сопствениците на сместувачки капацитети велат дека гостите се жалат на прегласната музика која доаѓаше од некои од угостителски објекти во градот, високата цена на лежалките на некои од плажите и други проблеми. Тие велат дека треба и делови од градот инфраструктурно да се досредат.
Угледот на Охрид го уриваат т.н гастербајтери или печалбари кои доаѓаат во Охрид. Несовесни сопственици на угостителски објекти ги издаваат своите шанкови и тие од страна ги покачуваат цените до бесвест. Тие се во Охрид 20 дена и не му е гајле за утре како ќе биде.Томче Тримче, сопственик на плажата Потпеш во Охрид.
„Јули немаше гости, само во август добро беше. Плажите најмногу им сметаат што не можат да си постават крпа, цените на лежалките. Цените велат дека се прикладни. Охрид треба да го промени начинот на концесионирање со плажите како што е и во Грција. Ако е лежалката 150 денари да има гратис пијачка. Градот средува, но треба уште да се среди“, вели еден граѓанин на Охрид.
Треба да се поработи на гостопримството на домаќините, но и да се воведе ред со гласната музика, вели Петар Трпеноски, бизнисмен од Охрид.
„И од самото гостопримство и однос на луѓето, на граѓаните. Исто така Охрид стана пребучен град, а доаѓаат луѓе во Охрид за одмор. Мора да се воведе еден ред бидејќи не може во Охрид да има гласна музика до три часот наутро. Треба да направат ред бидејќи во стариот дел на Охрид не може да се спие до наутро, а тоа е основно за еден туристички град. Секој не доаѓа за езерото, има луѓе кои сакаат да прошетаат“, Трпеноски.
Томче Тримче, сопственик на плажата Потпеш, вели дека сликата за Охрид и тоа дека е скап град ја создаваат нелојалните угостители.
„Во однос на цените во Охрид, да ги земете ценовниците на сите лојални угостители во Охрид кои кафеаните ги држат цела зима и на кои им е важно мислењето на туристот и на охриѓани дека цените се нормални. Пред 20 години еден килограм кафе беше 400 денари, сега е 1100 денари, струјата е поскапена за 50 пати. Угледот на Охрид го уриваат т.н гастербајтери или печалбари кои доаѓаат во Охрид. Несовесни сопственици на угостителски објекти ги издаваат своите шанкови и тие од страна ги покачуваат цените до бесвест. Тие се во Охрид 20 дена и не му е гајле за утре како ќе биде“, вели Тримче.