Пограничните градови Дебар и Пешкопеја реализираат уште еден значаен проект за меѓугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија преку ИПА програмите на ЕУ. Овој пат преку саеми на традиционални производи, производителите од двете страни на границата презентираат и продаваат земјоделски производи, што побудува мошне голем интерес и кај производителите, но и кај купувачите.
Идејата е да се покаже дека двата соседни града и нивните околни места имаат слични начини на производство на традиционални производи, но јасно да се видат и кои се разликите. Цел на проектот исто така е и да се зближат повеке граѓаните од двете страни на границата, да разменуваат искуства и знаења, но и да профитираат.Борис Шарковски, Фондација за локален рурален развој од Штип.
„Идејата е да се покаже дека двата соседни града и нивните околни места имаат слични начини на производство на традиционални производи, но јасно да се видат и кои се разликите. Цел на проектот исто така е и да се зближат повеке граѓаните од двете страни на границата, да разменуваат искуства и знаења, но и да профитираат, односно да продаваат производи на двете страни од границата. Кога велиме традиционални производи, се мисли на сите производи кои се карактеристични за целиот поширок регион како што се медот, костењето, сирењето, јуфките, ракотворбите итн.“, вели Борис Шарковски од Фондацијата за локален рурален развој од Штип, кој е носител на проектот во партнерство со дебарскиот Центар за одржлив развој на заедницата.
Ние сметаме дека овој проект ќе има големи ефекти во економскиот и социјалниот развој на регионот на планинскиот венец Дешат. Проектот е ефикасен и во однос на развојот на туризмот, како во Македонија така и во Албанија.Бесник Алку, координатор на проектот од Албанија.
Носителите на проектот од албанска страна, организацијата Антро од Тирана и невладина организација од градот Пешкопеја, исто така оценуваат дека промовирањето на традиционални производи од населените места на двете страни од границата на планинскиот венец Дешат, е многу битно за развојот на целиот регион.
„Ние сметаме дека овој проект ќе има големи ефекти во економскиот и социјалниот развој на регионот на планинскиот венец Дешат. Проектот е ефикасен и во однос на развојот на туризмот, како во Македонија така и во Албанија. Овие проекти се битни за заедничко помагање за да се развијат особено пограничните населени места кои поради системите кои владееле на овие простори се заостанати“, истакнува координаторот од Албанија, Бесник Алку.
Пчеларот од Дебар, Блаже Петревски, смета дека запознавањето на производителите и размената на искуствата околу начинот на произведувањето е мошне битно .
„Денес е свечен ден за Дебар. Се организира еден ваков саем за прв пат. Досега немало ваква манифестација. Ова е мошне интересно и за нас, но и за нашите комшии од Албанија. Јас бев и на саемот во Пешкопеја и поминав мошне убаво. Се запознавме со традиционалните производи и земјоделските култури, но и разменивме искуства“, вели Петревски.
Производителот на јуфки, Фатос Зела од Пешкопеја, вели дека има потреба од почести вакви саеми. Тие се битни за производителите, додава тој.
„Овие јуфки ги произведуваме со користење на традиционални рецепти на постарите генерации. Во основа ги произведуваме како семеен бизнис во кој ни помагаат и наши блиски. Многу сме задоволни од работата, а на овие саеми видно е зголемен интересот за купување на нашите јуфки. Во регионот на двете страни на границата, јуфките се редовни на трпезите“, нагласува Зела.
Инаку и по завршувањето на проектот, локалните власти во Дебар и Пешкопеја најавуваат продолжување на саемите на традиционалните прозиводи. Тие се покажуваат како мошне битни и ефективни, оценуваат локалните институции.