Настава во подрум и во тесни училници

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.

Дел од училиштата во Куманово се соочуваат со просторни проблеми, нема кабинетска настава, подрумите се адаптирани во училници, училниците се тесни, немаат спортска сала.

Недоволно простор, неопремени кабинети за современо одвивање на образовниот процес, без спортски сали, се само дел од проблемите со кои се соочуваат поголем дел од кумановските средни и основни училишта, велат неколкумина директори. И покрај сите недостатоци стручен наставен кадар има доволно, а опремнината што им следува на пензионерите во образованието со исплата доцни и по една година. Директорите се оптимисти и, како што некои од нив, велат настојуваат преку разновидни проекти да добијат донации за реконструкција и реновирање на старите објекти.

Лидија Михајловска, директорка во средното училиште „Наце Буѓони“ од Куманово.manovo.

Лидија Михајловска директорка во средното училиште „Наце Буѓони“ вели дека најгорлив проблем е просторот во кој се одвива наставата, нееднакви услови во кои учат сите ученици, при што посочува дека тоа е особено за паралелките на албански јазик. Овој проблем треба да го решава локалната самоуправа со Министерството за образование.

И во зградата каде што учат македонските паралелки има недоволно училишен простор, сите подруми ги претворивме во училници, но веќе немаме каде.
Лидија Михајловска, директорка во средното училиште „Наце Буѓони“.

„И во зградата каде што учат македонските паралелки има недоволно училишен простор, сите подруми ги претворивме во училници, но веќе немаме каде. Би сакале да имаме современа и кабинетска настава меѓутоа просторот не го овозможува тоа. Втор проблем е спортската сала кој се надевам дека оваа година ќе го решиме со Министерството за образование“, вели Михајловска.

Момчило Антевски, директор на средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово.

Во средното општинско училиште „Перо Наков“ според директорот Момчило Антевски просторот е доволен, опремени кабинети за современа настава исто така, единствено што столаријата е дотраена и треба да се замени.

Училниците се мали, тесни. Во училиштето воопшто нема двор, туку е на булевар, нема спортски терени, нема спортска сала.
Исе Лахмани, директор на Средното општинско училиште „Сами Фрашери“.

РСЕ: Се исплаќа ли опремнина на вашите пензионирани од училиштето?

„Па, мислам дека од оваа година има застој. На релацијата локална самоуправа и училиштето мислам дека треба да се планира за да нашите пензионирани колеги добијат опремнина“, вели Антевски.

Исе Лахмани директор на Средното општинско училиште „Сами Фрашери“.

Исе Лахмани директор на Средното општинско училиште „Сами Фрашери“ на албански јазик, вели дека образовниот процес кој од 2004-та година се одвива во адаптиран објект на поранешна дирекција на ЗИК „Куманово“, бил времено решение, кое не коинцидира ниту со бројот на учениците, ниту со просторот и опременоста.

Се правеше се, но училиштата некако застанаа во градба.
Марина Манојловска, директорка на „Браќа Миладиновци“ .

„Училниците се мали, тесни. Во училиштето воопшто нема двор, туку е на булевар, нема спортски терени, нема спортска сала. Неколку пати сме се обраќале и до Министерството за образование и до Општина Куманово, но до ден денешен немаме одговор.“

Марина Манојловска директорка на „Браќа Миладиновци“ од Куманово.

Во центарот на Куманово веќе шест децении исти училишни објекти се користат за основци на две училишта, „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков.“ Просторот е проблем, вели Марина Манојловска директорка на „Браќа Миладиновци“ .

„Се правеше се, но училиштата некако застанаа во градба.“

Двете училишта користат и два уште постари истурени објекти за основци од нижите одделенија, особено во Соколана, во кои затоплувањето е со печки на дрва, санитарните јазли се анахрони, покривот како што реагираат родителите протекува на секој дожд.

„Во соработка сме со УСАИД и со партнер училиштето „Бајрам Шабани“ работиме на мултиетничко образование, проект кој е сврзан со образованието во Општина Куманово и на ниво на Република Македонија и реално со завршувањето на проектот доаѓаме во ситуација да можеме да земеме грант од 30 илјади долари, во соработка со локалната самоуправа, која ќе даде дел од средствата да го решиме проблемот во Соколана со столаријата и со тоалетите. И се надевам дека 2015-та ќе биде година во која ќе биде надминат проблемот во Соколана за соодветно одвивање на образовниот процес“, вели Манојловска.