Петнаесетгодишниот Ренат Џељадини од Куманово само два дена пред да го прослави својот роденден исчезнал од депонијата Краста во атарот на селото Пчиња, каде што пред пет денови со неговите родители собирал пластичен отпад. Од тогаш родителите, роднините и полицијата трагаат по момчето. Семејството на исчезнатото момче засега нема никакви индиции каде би можело да биде.
Ренат без мене не може ниту една минута. Во понеделникот требаше да му го славиме 15-от роденден. Имаше 160 денари. Преку ден главно седеше дома, имаше интернет, по малку ни помагаше, а главно беше дома.Руфат Џељадини, татко на исчезнатото момче.
Дента кога момчето исчезнало родителите раскажуваат дека нивниот син единец со нив заминал на депонијата за да им помогне, меѓутоа, за некоја ситница Ренат се налутил и заминал кон мотокултиваторот. Бидејќи бил разгален, родителите не се посомневале во ништо особено, туку дека отишол да појадува. По изминат еден час, Ренат не се вратил, родителите го побарале, меѓутоа освен што било скршено мало парче леб, никакви траги немало.
Од кај што јадел леб, по црниот пат, зад депонијата каде што нема камера, до асфалтот трагови има, а од асфалтот трагови нема. Да отишол пешки, кучето трагач би продолжило да бара. Се сомневаме дека е во некое возило. Дали тој стопирал или што се случило господ знае.Чичко на исчезнатото момче.
„Почнав да го барам, мислев дека јадел леб и отишол под сенка да се одмора. Погледнав во близина на дрвјата, но го немаше. Тој ни е еден и многу е разгален, за мала ситница ќе се извика на мене или на жена ми. Ама ние го трпевме само да биде добро“, раскажува таткото Руфат.
Родителите се изненадени од исчезнувањето на момчето бидејќи било многу приврзано со нив. По контактот со роднините надвор од Куманово дознале дека тие немаат никаква информација за него.
„Ренат без мене не може ниту една минута. Во понеделникот требаше да му го славиме 15-от роденден. Имаше 160 денари. Преку ден главно седеше дома, имаше интернет, по малку ни помагаше, а главно беше дома“, раскажуваат родителите.
Копавме случајно детето да не е таму. Полицијата го обезбедуваше местото цела ноќ и утредента и со багери копаа, но ништо нема. Немам претстава каде може да биде детето, само знам дека ниту пет минути не може без мене, без нас.Руфат Џељадини, татко на исчезнатото момче.
Ренат не го завршил основното образование бидејќи не му се учело, а таткото, пак, сметал дека треба да биде по негова волја и се понадевал и дека ќе му помага во работата, зашто тој е со нарушено здравје.
Родителите и роднините раскажуваат дека сите можни претраги биле вклучени на депонијата и во нејзина близина.
„Од кај што јадел леб, по црниот пат, зад депонијата каде што нема камера, до асфалтот трагови има, а од асфалтот трагови нема. Да отишол пешки, кучето трагач би продолжило да бара. Се сомневаме дека е во некое возило. Дали тој стопирал или што се случило господ знае“, раскажува чичкото на Ренат.
Момчето имало мобилен телефон, но од истиот ден е недостапен. Во саботата попладне родителите пријавиле во полиција и веднаш почнало пребарување на депонијата и околу неа.
„Копавме случајно детето да не е таму. Полицијата го обезбедуваше местото цела ноќ и утредента и со багери копаа, но ништо нема. Немам претстава каде може да биде детето, само знам дека ниту пет минути не може без мене, без нас“, вели таткото.
Ренат бил облечен во црна маица и црни тренерки, а роднините раскажуваат дека бил добро дете.
„Ренат беше супер. Немаше никакви проблеми, беа сложно семејство. Тој другаруваше со нашиот син и секаде одеа заедно. И на училиште до седмо одделение. Не знам на интернет што прават,“ велат роднините на исчезнатото момче и додаваат дека тој немал другари.
Родителите и поширокото семејство се вознемирени и не можат да разберат како Ренат мистериозно исчезнал. Тие претпоставуваат дека можеби момчето е киднапирано, зашто познавајќи го добро, не им се верува дека пет денови тој не би се јавил каде е. Очекуваат помош од полицијата од каде што им било ветено дека преземаат соодветни мерки, а потрагата ќе биде и преку границите на нашата земја.
По исчезнувањето на петгодишните Мирсада Хељдовиќ и Дане Мемеди кои и по четири години не се пронајдени, Ренат е трет случај во Куманово.