И оваа учебна година најголемиот број ромски ученици од Битола учат во основното училиште „Ѓорги Сугарев“. За разлика од другите училишта каде на рака се бројат првачињата Ромчиња, во ова училиште повеќе од половината првооделенци се Роми. Oд 40-тина првачиња, 23 се Ромчиња. Причината што најголемиот број Роми се запишуваат во ова школо е неговата близина до ромската населба. Но, истовремено опаѓа бројот на деца од другите националности кои се запишуваат во училиштето.
„Живееме во близина на Ѓорги Сугарев, но детето ни учи во друго училиште. Голем дел од неромските ученици учат во други училишта. Немаме ништо против Ромите, но сметаме дека државата треба да им овозможи подобри услови за хигиена, инстраструктура, па тие да можат подобро да се вклучат во наставата со другите деца“, вели еден битолчанец.
И родителите на ромските ученици признаваат дека доаѓа до поделба меѓу децата и настануваат етнички чисти паралелки.
„Како да ја пуштам на школо кога немам услови. Со едно социјално 1.700 денари сме, се нема. Денес ако имам ќе исперам, утре ако не нема да исперам. Вашите се почисти, нашите се понечисти и се разделуваат. Во одделението каде е моето дете сите се Ромчиња“, вели Зумрета Алиевска.
Директорката на „Ѓорги Сугарев“, Загорка Јовчевска вели дека во училиштето не прават делба, туку паралелките се формираат врз основа на запишаните ученици. Таа истакнува дека ова училиште е со обновена дограма, спортска сала и други добри услови за образование кои очекува да привлечат ученици од сите националности.
„За жал и оваа година бројката на првооделенчиња е намалена. Поголем дел од првачињата се од ромска националност. Постојано доаѓа до осипување на децата од македонска националност. Така е поради недоволната информираност на родителите Македонци дека само Роми учат во ова училиште што не било така никогаш. Сметам дека заедно живееме и заедно треба да се воспитуваат и образуваат децата во училиште. Ромчињата се сепак деца и не треба да бидат пречка за едно мултиетничко училиште и за заедничко дружење“, вели Јовчевска.
Инаку, бројот на првооделенци годинава во сите битолски училишта е за 50 помал од претходната година.
Немаме ништо против Ромите, но сметаме дека државата треба да им овозможи подобри услови за хигиена, инстраструктура, па тие да можат подобро да се вклучат во наставата со другите деца.Анкетиран битолчанец.
„Живееме во близина на Ѓорги Сугарев, но детето ни учи во друго училиште. Голем дел од неромските ученици учат во други училишта. Немаме ништо против Ромите, но сметаме дека државата треба да им овозможи подобри услови за хигиена, инстраструктура, па тие да можат подобро да се вклучат во наставата со другите деца“, вели еден битолчанец.
И родителите на ромските ученици признаваат дека доаѓа до поделба меѓу децата и настануваат етнички чисти паралелки.
„Како да ја пуштам на школо кога немам услови. Со едно социјално 1.700 денари сме, се нема. Денес ако имам ќе исперам, утре ако не нема да исперам. Вашите се почисти, нашите се понечисти и се разделуваат. Во одделението каде е моето дете сите се Ромчиња“, вели Зумрета Алиевска.
Денес ако имам ќе исперам, утре ако не нема да исперам. Вашите се почисти, нашите се понечисти и се разделуваат. Во одделението каде е моето дете сите се Ромчиња.Зумрета Алиевска, родител.