Достапни линкови

Наставниците сè повеќе теоретичари и административци


Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.
Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.

Оптоварени со безброј административни обврски, со секојдневни новини наметнати од надлежните во државава, натавниците ја губат можноста што повеќе внимание да им обрнат на учениците.

Состојбата во образованието се чини никогаш не била толку хаотична,тешка, дури и неподнослива, велат неколкумина запрашани наставници во Куманово. Оптоварени со безброј административни обврски, со секојдневни новини наметнати од надлежните во државава, тие ја губат енергијата, волјата и можноста што повеќе внимание да им обрнат на децата, учениците.
Воспитно-образовниот процес всушност стана административен процес. Во делот на факултативното образование на наставникот тоа најмалку доаѓа до израз. Ние повеќе стануваме теоретичари, отколку практичари.
Марина Манојловска, директорка во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.

Соочени со многу негативности, па дури и најавени лиценци уште повеќе предизвикуваат пресија врз луѓето кои имаат обврска не само да ја образуваат, туку и да ја воспитуваат младата популација. Можат ли во ваков амбиент наставниците доволно да им посветат внимание на талентираните ученици, како и на останатите кои потоа правилно ќе ја изберат професијата со која ќе се појават на пазарот на трудот. Не ретко, но сепак не многу јавно наставниците реагираат и се обидуваат да се снаоѓаат во новонастанатите
Марина Манојловска.
Марина Манојловска.
состојби во кои најчесто велат дека „некој“ ги побркал лончињата.

„Воспитно-образовниот процес всушност стана административен процес. Во делот на факултативното образование на наставникот тоа најмалку доаѓа до израз. Ние повеќе стануваме теоретичари, отколку практичари. Воспитно-образовниот процес
Резултатите на учениците ја покажуваат работата, успехот, достигнувањата, тие се слика за успехот на наставникот. Преку нив се гледа нашата работа.
Елизабета Костадиновска Костиќ,професорка по француски и италијански јазик.
значи усвојување на знаења, но нивните знаења да прераснуваат во логичко размислување, поттикнување на способности и вештини со кои децата ќе можат да конкурираат на пазарот трудот. За жал ние станавме „книшки молци“. Буквално воспитно-образовниот процес застана во сите сфери од самиот процес“, вели Марина Манојловска директорка во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.
Елизабета Костадиновска Костиќ, професор.
Елизабета Костадиновска Костиќ, професор.

Во новото време родителите се помалку можат да им посветат внимание на своите деца, а се повеќе имаат амбиции тие да се најдобри и најуспешни. Манојловска објаснува дека децата во училиштето треба да бидат и образувани и воспитувани.

„Точно е дека младите генерации родители очекуваат премногу. Донекаде и се во право, бидејќи некогаш воспитно-образовниот процес се одвивал во училиштето, со дел од воспитание во семејството. За жал тој процес денеска не се одвива ниту во образованието, ниту во семејството. Образованието стана полигон за теорија, но не и за практични знаења, воспитанието најмалку го има и во семејството и во самиот воспитно-образовен процес.“

Партиските вработувања, најавените лиценци за наставниците, постојани притисоци од сите страни, задржување на работното место за обезбедување егзистенција наставниот кадар го ставаат во клинч.

„Кога студентот ќе заврши, ќе се вклучи во образовен процес, а при тоа се бара од него лиценцирање, мислам дека е чисто понижување на сите оние универзитетски професори кои му дале некои знаења и способности, но и на самиот кадар кој ќе зема лиценца, бидејќи завршил формално образование и при тоа положил државен испит. Ова повеќе ми наликува на полнење на касата, а не за да добиеме квалитетен воспитно-образовен кадар.“

Не е исклучено дека и на овој начин се бара можност за партиски вработувања, за што Манојловска смета дека во образованието е неопходен квалитетен кадар, а не политички вработувања.

Елизабета Костадиновска Костиќ професорка по француски и италијански јазик, смета :

„Резултатите на учениците ја покажуваат работата, успехот, достигнувањата, тие се слика за успехот на наставникот. Преку нив се гледа нашата работа.“

Некои од наставниците не сакаат јавно да го кажат своето мислење за состојбата во образованието. Некои од нив пак велат дека без одобрение од директорот не можат да го кажат својот став, оти се плашат да не го загубат работното место.

Родителите кои имаат деца на училиште се согласуваат дека состојбата на наставниците секој ден се повеќе е отежната. Респектот и разбирањето на состојбата на наставниците веројатно зависи и од успехот на нивните деца.

„Наставникот со години учел, многу успешни луѓе има од повеќе генерации, а партиски вработувања имало, има и секогаш ќе има.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG