Безбедноста на храната моментално е еден од најголемите предизвици за потрошувачите, произведувачите и дистрибутерите во прехранбената индустрија. Ова прашање стана актуелно деновиве по случајот во градинката „Детска радост“ во населбата Автокоманда во Скопје во која труeње со храна добија десетина деца. Во Скопје главно во градинките и во училиштата храната не се подготвува на едно место. Вообичени директорите одлучуваат каква вид храна ќе се користи.
„Има контрола врз се, во однос на тие што ја носат храната, што ја дистрибуираат, ние како наставници немаме контрола во тоа“, изјави професот Вилма Влаховиќ.
Наставниот персонал верува дека случајот со градинката „Детска радост“ е спореден пример и оти во училиштата се применуваат највисоките мерки за безбедност на храната.
Основниот систем на здравствената безбедност на храната го сочинуваат важечките закони и стандардизирани прописи за испорака на храна во училиштата, велат тие.
„Мора да има контрола, не може да се внесува нешто, а да нема контрола, затоа се и тие тендери, затоа е и сето она што се прави пред да се носи храната, посебни комисии се формираат кои одлучуваат што ќе биде, како ќе биде, значи мора да има контрола“ вели професор Влаховиќ.
Со цел јакнење на капцитетите Општина Карпош одлучи да ги засили контролите на храната во училиштата и градинките за да се осигура да не влезе храна која не е здравствено безбедна. Повеќе од две години во оваа општина за контролата и безбедноста на храната во градинките и основните училишта се грижи овластено лице. Станува збор за контрола на храната за сите доставувачи и концесионери кои ја подготвуваат храната во основните училишта.
„Но за градинките имаме целосна контрола врз кујните, од самата подготовка, влез на храната, значи проверка на самите продукти кои влегуваат во градинките, до нивната термичка обработка, се до доставување на храната до дечињата“, изјави Ирена Калајџиева Милевска.
Некои наставници истакнуваат дека кујните кои ги подготвуваат оброците за сите ученици испорачуваат ист оброк во исти здели и дека безбедноста на храната зависи и од тоа што децата како оброк може да го донесат и од дома.
„Работам со првачиња, тие многу често знаат нешто да донесат од дома и да го поделат со неколку дечина меѓу себе“, вели професор Влаховиќ.
Инаку епилогот од труењето храна во градинката „Детска радост“ е кривична пријава и разрешување од функцијата за директорката. Кујната во градинката уште од минатата недела е затворена.
Мора да има контрола, не може да се внесува нешто, а да нема контрола, затоа се и тие тендери, затоа е и сето она што се прави пред да се носи храната.Вулма Влаховиќ, професор.
„Има контрола врз се, во однос на тие што ја носат храната, што ја дистрибуираат, ние како наставници немаме контрола во тоа“, изјави професот Вилма Влаховиќ.
Наставниот персонал верува дека случајот со градинката „Детска радост“ е спореден пример и оти во училиштата се применуваат највисоките мерки за безбедност на храната.
Основниот систем на здравствената безбедност на храната го сочинуваат важечките закони и стандардизирани прописи за испорака на храна во училиштата, велат тие.
Но за градинките имаме целосна контрола врз кујните, од самата подготовка, влез на храната, се до доставување на храната до дечињата.Ирена Калајџиева Милевска, Општина Карпош.