Претставниците на невладините организации за заштита на човековите права остро ја критикуваат одлуката на Уставниот суд да ја отфрли нивната иницијатива за оценување на уставноста на дел од членовите од Законот за прекинување на бременоста.
Законот предвидува одобрување на прекин на бременоста. Тоа значи дека законодавецот и Уставниот суд дозволи дитектно мешање на држават во приватноста на жената и изборот слободно да одлучува за раѓањето и бројот на децата.Наташа Бошкова, Коалиција „Сексуални и здравствени права“.
Одбиената иницијатива содржи аргументација за укинување на 14 одредби од законот, за кои невладиниот сектор смета дека се противуставни и штетни по животот и здравјето на жените во Македонија. Претставниците на организациите потенцираат дека одлука на уставните судии дозволува мешање на државата во приватноста на жените и слободниот избор.
Наташа Бошкова од Коалицијата „Сексуални и здравствени права“, вели дека со одлуката Уставниот суд се упатува сериозна порака дека жените во Македонија, поради нивната репродуктивна функција, ги немаат истите уставно загарантирани права како останатите граѓани.
Еден од судиите си дозволи да зборува во име на сите жени во Македонија и да каже дека сонот на секоја жена е да стане мајка и сопруга. Потоа си дозволи да каже дека ова доведува до немрал и ќе доведе до неверства.Неда Чаловска, Хелсиншкиот комитет за човекови права.
„Законот предвидува одобрување на прекин на бременоста. Тоа значи дека законодавецот и Уставниот суд дозволи директно мешање на државата во приватноста на жената и изборот слободно да одлучува за раѓањето и бројот на децата. Уставниот суд наместо да го штити Уставот дозволи административен орган да одлучува за уживањето на уставно загаринтираите права. Законот предвидува писмена согласност од родител во случај кога бремената жена или лице е лишено од деловна способност. Нашата аргументација е дека возраста и степенот на попреченост не смее да биде ограничување за уживање на одредено уставно право. Во таа смисла, телесниот интегритет на човекот, правото на слобода да одлучува за раѓањето и бројот на децата, правото да се грижиме за соспственото здравје и за сопствениот живот им припраѓа и на овие жени. Уставниот суд исто така целосно ја занемари загриженоста на Комитетот за права на децата, којшто неколку пати има подвлечено дека барање на согласност од родители за вршење на абортус го зголемува бројот на илегални абортуси кај адолесцентите“, вели Бошкова.
Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет за човекови права коментира дека законот е донесен без јавна расправа и учество на експерти и невладиниот сектор. Таа додава дека националното законодавство и меѓународните стандарди воопшто не се важни за Уставниот суд, а судиите си дозволуваат да кажуваат ставови кои се против уставните одредби што го гарантираат физичкиот интегритет на жената и слобода на избор.
„Она што вчера го видовме во Уставниот суд навистина е разочарувачки. Во ниту еден момент правно не беа образложени нашите правно аргументирани делови во иницијативата, коишто не се осврнуваат само на Уставот, туку и на националното законодавство и особено е важно што се осврнуваат на сите меѓународни стандарди, коишто излезе дека за Уставниот суд воопшто не се важни, туку дека поважни се нивните идеолошки и лични ставови, а можеби и стравови. Еден од судиите си дозволи да зборува во име на сите жени во Македонија и да каже дека сонот на секоја жена е да стане мајка и сопруга“, вели Чаловска.
На престставката на невладиниот сектор, Уставните судии вчера одлучија дека законот не е противуставен и не го спречува правото на жената да одлучи дали ќе роди. Невладините организации најавија дека во следниот период ќе ги користат сите преостанати меѓународни механизми за заштита на правата на жената на абортус.