Европската граѓанска иницијатива „Еден од нас“ (One of us) е меѓу првите иницијативи во ЕУ коишто успеаја да соберат најмалку еден милион потписи од најмалку 7 различни земји. Според новите регулативи на ЕУ, коишто стапија на сила во 2012-та година, со ова може да се предложат одредени законски решенија кои што се во надлежност на Европската комисија.
Околу 1 милион и 700 илјади жители од сите 28 земји членки на Европската унија се потпишаа на инцијативата „Еден од нас“. Но, која е всушност оваа иницијатива? Оваа иницијатива во официјалните документи на Европската унија стои дека се залага за правна заштита на достоинството и на правото на живот и интегритетот на секое човечко суштество од моментот на зачнувањето, во областите каде што Европската унија има ингеренции. Според иницијаторите, секој човечки ембрион има право на заштита на достоинството и интегритетот. Врз основа на овие аргументи на достоинство и интегритет, тие бараат да се забранат сите финансирања преку европската развојна помош на каква било програма која може да води кон уништување на човечки ембрион.
Оваа иницијатива наметнува дискусија пред европските институции за прашањата околу абортусот за коишто институциите немале заеднички став и секогаш тоа било оставено на суверенитетот на земјите членки.
Но, оваа иницијатива не е ништо поразлична од познатото Глобално правило за замолчување (Global Gag Rule) кое е воведено од регановата администрација во 1984. Ова значеше дека американските фондови не смееја да подржуваат активности и организации коишто нудат или би можеле да нудат услуги поврзани со абортус. Ова правило траеше сè до 1993 година, со доаѓањето на Клинтон во Белата куќа. По изборот на Буш за Претседател на САД правилото повторно беше воспоставено, а само два дена по доаѓањето на Обама истото беше повторно симнато.
Луѓето зад европската граѓанска иницијатива „Еден од нас“ преку ова се обидуваат ова правило да биде прифатено како дел од законодавството на Европската унија. Од друга страна, ова повикува да се признае некакво достоинство и интегритет на фетус, а со тоа целосно да се занемарат правата и достоинството на жените насекаде во Европа и светот. Пред европските институции сега повторно е ставена на расправа една иницијатива која треба да ги отвори оние вредности, принципи и права коишто биле веќе години наназад востановени и усвоени. Токму оваа иницијатива и одговорот на европските институции ќе покаже дали всушност тие го имаат оној демократски капацитет за да ги одбранат правата на жените и во Европа и ширум светот.
Рационалните аргументи се недвосмислени, ова иницијатива треба да биде целосно отфрлена од страна на европските институции, се разбира по пат на сите институционални демократски механизми. Аргументите коишто го потврдуваат тоа се повеќе од јасни. Преку развојната помош од фондовите на европската унија се поддржуваат многу програми низ светот коишто имаат за цел да го подобрат здравјето на жените, преку нудење на различни услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Тие сервиси вклучуваат мерки за безбедно породување, планирање на семејството, но исто така и сервиси за безбеден абортус. Сервисите за безбеден абортус се дел од основните здравствени услуги коишто секоја жена треба да ги добие. Преку оваа развојна помош илјадници животи на жени се спасувани. Се разбира, сите поставени цели за подобрување на здравјето на жените сè уште не се постигнати, затоа што секој ден во светот умираат 800 жени поради компликации во текот на бременоста и породувањето.
Една ваква иницијатива не само што ќе ги ничкоса основните права на жените, а тоа е правото на телесен интегритет, туку и преку ускратување на финансиската поддршка директно ќе го загрози здравјето на жените затоа што би биле ускратени многу значајни здравствени услуги во земјите во развој.
Кога една ваква нерационална иницијатива е пред институциите на Европската унија се поставува прашањето дали таа е изворна иницијатива и барање на европските граѓани? На интернет страницата на иницијативата www.oneofus.eu нема информации за тоа кој ја финансира оваа кампања. Сепак, на страницата на Европската комисија стои дека најголемиот финансиер е една италијанска организација. Но, корените на оваа иницијатива не се во Италија, туку од другата страна на Атлантикот. Правниот застапник на оваа иницијатива Грегор Папинг работи во Европскиот центар за право и правда. Всушност, овој центар бил основан од американска естремистичка христијанско – телевангелистичка организација. Всушност европскиот центар е гранка на Американскиот центар за право и правда. За да се разберат вистинските цели на овие организации може само да се проследи една од нивните многу изјави. Во една прилика еден висок претставник на оваа организација има изјавено:
„Феминистичката агенда не е всушност за заштита на правата на жените. Тоа се всушност социјалистички движења кои се против семејствата и коишто ги охрабруваат жените да ги напуштат своите мажи, да ги убијат своите деца, да практикуваат вештерство, да го уништат капитализмот и да станат лезбејки.“
Од друга страна, оваа кампања е силно подржана и од Ватикан. Иницијативата има поддршка и од двајца Папи, и од Франциск и од Бенедикт. Повторно се наметнува прашањето дали ова е граѓанска или религиозна иницијатива.
На крајот, едно е многу важно, дека сите иницијативи коишто себе си се претставуваат како иницијативи за заштита на жените и намалување на бројот на абортуси, всушност имаат една поинаква позадина. Овие иницијативи всушност пред сè целосно ги занемаруваат правата на жените и наместо да ги унапредуваат, ги уназадуваат. Притоа, крајниот резултат е спроведување на политики кои ќе го влошат здравјето на жените.
Откако прочитавте сè, претпоставувам се запрашавте, а како ова се однесува директно или индиректно на Македонија, со оглед на тоа што ова се случува во ЕУ, а ние не сме дел од унијата. Само присетете се на аргументите коишто минатата година беа давани во одбрана на новиот закон за прекинување на бременоста од страна на поднесувачот на законот, и ќе го добиете одговорот.
Според иницијаторите, секој човечки ембрион има право на заштита на достоинството и интегритетот. Врз основа на овие аргументи на достоинство и интегритет, тие бараат да се забранат сите финансирања преку европската развојна помош на каква било програма која може да води кон уништување на човечки ембрион.

Претпоставувам се запрашавте, а како ова се однесува директно или индиректно на Македонија, со оглед на тоа што ова се случува во ЕУ, а ние не сме дел од унијата. Само присетете се на аргументите коишто минатата година беа давани во одбрана на новиот закон за прекинување на бременоста од страна на поднесувачот на законот, и ќе го добиете одговорот.