Охридски партиски препукувања за образованието

Протест на родителите на ученици во основното училиште во село Коњско во близина на Охрид.

Опозицијата во Охрид обвинува дека образованието во градот се наоѓа во хаотична состојба и оти се импровизира. Од власта одговараат дека образованието е во фокус на нивното работење.

Опозицијата во Охрид обвинува дека образованието во градот се наоѓа во хаотична состојба и оти се импровизира. Според Јован Стојановски, координатор на советничката група на СДСМ во градскиот совет, повеќе од еден месец од почетокот на учебната година во новоформираното средно економско училиште Св. Кирил и Методиј сè уште нема стручна педагошко-психолошка служба. Јавноста очекува одговори од градоначалникот колку пари должат основните и средните училишта во Охрид, заклучно со први септември 2014 година, за неплатени сметки и тужби по овој основ, вели Стојановски.

Колку пари должат основните и средните училишта кои се општински буџетски корисници, до ден денес немаме одговор каква е ситуацијата со неисплатените обврски.
Јован Стојановски, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Охрид.

„Во училиштето нема секретар и помошник директор, дополнителна причина зошто училиштето не функционира и да одговори на потребите на учениците. Подолго време на наше барање да се достават податоци за неисплатените обврски и долгови кои ги имаат училиштата, колку пари должат основните и средните училишта кои се општински буџетски корисници, до ден денес немаме одговор каква е ситуацијата со неисплатените обврски“, рече Стојановски.

Совет на Општина Охрид.

Возвратија од Општината. Димитар Спасевски, секретар во Општина Охрид, рече дека новата власт успеала да го создаде новото средно стручно економско училиште. Избрани биле органи и потребен персонал и оти наставата се одвивала без проблем. Тој рече дека долговите на училиштата кога дошле на власт изнесувале 77 милиони и 371 илјади денари.

Веднаш почнавме да се справуваме со долговите, затоа што образованието е во нашиот фокус на работење.
Димитар Спасевски, секретар во Општина Охрид.

„Локалната самоуправа и градоначалникот побараа согласност за добивање на потребниот персонал, а се мисли на секретар, педагог и психолог во рамки на училиштето. Во најскоро време се очекува согласност од Министерството за финансии и Министерството за образование. Веднаш почнавме да се справуваме со долговите, затоа што образованието е во нашиот фокус на работење. Градоначалникот Бакрачески до образовните институции трансферирал сума поголема од 28 милиони денари за сервисирање на секоја потреба“, рече Спасевски.

Каков е односот кон образованието покажува и податокот дека Секторот за образование во Општината Охрид веќе две години немал раководител, велат од СДСМ. Од локалната велат дека со тој сектор раководел градоначалникот и секретарот.

„Да функционира еден сектор во сенка без назначен раководител за мене како просветен работник е несериозна работа“, рече Жаклина Лазареска советник од СДСМ.

„Сметам дека одделенијата во тој сектор во овој момент функционираат како што треба, а со секторот раководам јас и секретарот на општината“, рече градоначалникот Никола Бакрачески.