Учениците од основното училиште во охридското село Коњско не заминаа на настава. На нивно место во клупите седнаа родителите кои не дозволуваат нивните деца да следат часови во комбинирани паралелки, една со ученици од прво до трето одделение и друга со ученици од четврто и петто одделение. Бараат да биде донесен барем уште еден учител за образовниот процес да се изведува нормално.
Моето дете кое е прво одделение кога се враќа дома кажува за тоа што учеле децата од 3 одделение, а децата од трето одделение кажуваат што учат децата од прво и второ одделение. Секогаш надлежните си ја префрлуваат топката. Ова не е нормално, три одделенија во едно одделение.Ана Тренеска, родител.
Доколку не се исполнат овие нивни барања, тие велат дека нема да ги пуштат децата на училиште без разлика на правните последници за нив, бидејќи велат дека не може еден учител да држи настава на ученици од различни класови.
„Ова ни е последна солуција бидејќи децата се нашата иднина и не е важно дали учи едно или 60 деца во една паралелка. Ова се случува во 21 век, ако Македонија е во 21 век. Конкретно барање е во најкраток можен рок да стигне наставник, а не еден наставник да учи 2, 3 или 4 паралелки во исто време“, рече Дарко Илоски родител.
Доколку ваквите услови не се прифатливи за родителите, едно од оптималните решенија е да се затвори ова подрачно училиште и учениците да патуваат до селото Пештани каде би следеле настава во чисти паралелки во ОУ Св. Наум Охридски.Општина Охрид.
„Моето дете кое е прво одделение кога се враќа дома кажува за тоа што учеле децата од 3 одделение, а децата од трето одделение кажуваат што учат децата од прво и второ одделение. Секогаш надлежните си ја префрлуваат топката. Ова не е нормално, три одделенија во едно одделение“, вели Ана Тренеска, родител.
На средбата со директорот на училиштето, родителите ги изнесоа своите ставови и негодувања за целата состојба. Велат дека се чувствуваат како да не живеат во 21 век.
„Ние море да бараме помош од друга држава за да го решиме проблемот и да ни донеси и наставник и со училниците. Ние немаме никаква поддршка од никој, немаме каде да се обратиме. Ние сме најзапоставената населба. Нема да подлегнеме на некои работи дека полека и етапно ќе ги решаваме проблемите. Децата нема да ги пуштаме на училиштето, без разлика какви казни ќе сносиме“, вели Ило Крстаноски родител.
Киро Трајчески, претставник од месната заедница, рече дека проблемот мора да се реши еднаш за секогаш, бидејќи сакаат нивните деца да ги уживаат истите права како сите други деца во Македонија.
„Имаме поддршка со петиција од целото население дека ќе го поддржи ова барање на родителите. Во Коњско образованието е на минимум. Во цела Македонија се кажува компјутер за секое дете, а во ова наше училиште нема ниту еден компјутер. Децата кога одат во наредните учебни години се чудат од каква средина во која друга средина доаѓаат. Сакаме да ги уживаат истите права како и сите други деца во Македонија“, вели Трајчески.
Од општината велат дека до Министерството за образование имале поднесено барање за вработување на нов наставен кадар со цел да се формираат две чисти паралелки во подрачното училиште во село Коњско. Но, поради малиот број на ученици, многу е мала веројатноста.
„Доколку ваквите услови не се прифатливи за родителите, едно од оптималните решенија е да се затвори ова подрачно училиште и учениците да патуваат до селото Пештани каде би следеле настава во чисти паралелки во ОУ Св. Наум Охридски“, велат од Општина Охрид.