Стотици вредни стари ракописи пишувани на црковнословенски јазик пред повеќе векови од книжевната школа во манастирот „Свети Јован Претеча“ од Демир Хисар во минатото биле изнесени од Македонија. Од овој вреден скрипториум мал е бројот на примероци кои останале во нашата земја.
Најголемиот дел од нив се изнесени од Македонија уште од времето на 19 век кога тука минувале повеќе учени патеписци и ја знаеле вредноста на тие стари ракописи. Тие до почетокот на 20 век сите биле изнесени и денес се наоѓаат по библиотеките во Санкт Петерсбург, Москва, Одеса, Белград, Софија. Многу мал дел од нив денес се во нашата универзитетска библиотека.Сашо Цветковски, историчар на уметност.
Старите ракописи денес ги красат музеите и библиотеките на други европски метрополи, вели Сашо Цветковски, историчар на уметност, кој неодамна беше и научен секретар на манифестацијата „1000 години Слепченски манастир“.
„Најголемиот дел од нив се изнесени од Македонија уште од времето на 19 век кога тука минувале повеќе учени патеписци и ја знаеле вредноста на тие стари ракописи. Тие до почетокот на 20 век сите биле изнесени и денес се наоѓаат по библиотеките во Санкт Петерсбург, Москва, Одеса, Белград, Софија. Многу мал дел од нив денес се во нашата универзитетска библиотека“, вели Цветковски.
Значењето на препишувачката школа се состои во тоа што делувале многу учени и вешти препишувачи предводени од дебарскиот монах Мисарион.Сашо Цветковски, историчар на уметност.
Манастирот Св. Јован Претеча прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Македонија со бројно монаштво, активен скрипториум, богата библиотека, во која имало ракописи кои воделе потекло од XI и XII век. Книжевноста го достигнала свој зенит кога во манастирот се преведувале и препишувале богослужбени книги за црквите во демирхисарско и Македонија. Во значајните дела спаѓаат: „Слепчанскиот апостол“ од XII век, „Слепчанскиот писмовник“ од XVI век, кои се пренесени во Русија. Книгите биле пишувани на црковнословенски јазик.
„Тоа е една од величините на овој манастир, односно значењето на скрипториумот е што тука од секогаш се негувал црковнословенскиот јазик. Најголемиот број од тие книги биле напишани на црковнословенски јазик. Тука имало и грчки ракописи, пергаментни книги, но тие биле во помал број. Значењето на препишувачката школа се состои во тоа што делувале многу учени и вешти препишувачи предводени од дебарскиот монах Мисарион“, додава Цветковски.
Во 16 век влијанието на манастирот „Свети Јован Претеча“ било толку големо што дел од монасите се јавувале како донатори во светогорските цркви.
„Слепче бил во рамките на тогашната дијацеза на Охридската архиепископија еден од помоќните манастири. Имал влијание и затоа привлекувал моќни ктитори, меѓу кои и кнезот Димитар Кратовски. Да не заборавиме тоа е и времето на архиепископот Прохор, еден од најголемите поглавари на Охридската црква од времето на Османлискиот период. Врски со Света Гора се одржувани постојано во 16 век. Ние во неколку светогорски манастири, како Хиландарскиот, Зоографскиот, бележиме донатори монаси од манастирот Слепче“, вели Цветковски.