Три двојни убиства за само еден месец ја подгреаја дебатата за тоа што се случува во земјата? Македонија како да живее во црна хроника, сред бел ден пред очи на деца или, пак, во полна кафеана беа убиени шест луѓе само за еден месец, а по двојно убиство во Аеродром, убиецот си го одзеде животот.
На некој начин тие кога ќе дојдат во ситуација да немаат каде, или тој гнев, таа фрустрација ќе ја насочат кон другите или на крајот на краиштата кон сопственото битие. Тоа е за жал нашата реалност.Хасан Јашари, социолог.
Тука се и самоубиствата, страотните сообраќајки, меѓусебните пресметки, говорот на омраза, кражби... Од една страна, тука е несигурноста, сиромаштијата, падот на етичките норми, од друга страна на државата и недостасуваат механизми за спречување на ваквите случаи, посочуваат упатените.
Социологот Хасан Јашари вели дека животните проблеми ги прават луѓето поагресивни. Тој додава дека во услови кога нема социјален дијалог, човекот е оставен сам на себе и сам се справува со ситуациите.
Евидентно е дека дури и за банални, практично незначителни причини се случуваат вакви немили настани, односно луѓето реагираат несоодветно агресивно и тоа е поширок општествен проблем.Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
„На некој начин тие кога ќе дојдат во ситуација да немаат каде, или тој гнев, таа фрустрација ќе ја насочат кон другите или на крајот на краиштата кон сопственото битие. Тоа е за жал нашата реалност“, вели Јашари.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пак, вели дека ваквите немили настани не се исклучиво поврзани со безбедноста, туку е многу повеќе поврзано со психо-социјалното однесување на луѓето.
„Не можам да не изразам загриженост за агресивното однесување кај луѓето, затоа што евидентно е дека дури и за банални, практично незначителни причини се случуваат вакви немили настани, односно луѓето реагираат несоодветно агресивно и тоа е поширок општествен проблем“, рече Јанкулоска.
Таквата казнена политика укажува дека не функционираат нештата во Република Македонија, односно дека идните извршители се осоколени да извршуваат нови такви кривични дела. Тоа е сериозен проблем кај нас.Владимир Пивоваров, универзитетски професор.
Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи го спроведува проектот „Маалски патроли“, во кој се вклучени и граѓани кои заедно со полицијата патролираат во нивното соседство и ги посетуваат местата каде почесто се случуваат кривични дела и дела кои го нарушуваат јавниот ред и мир.
Професор Владимир Пивоваров вели дека сепак станува збор за нарушена безбедност на граѓаните. Тој вели дека ефикасноста на полицијата и на судството е многу важна кај овие дела.
МВР е претворено во алат за политичка репресија и лични пресметки. Наместо на народот, ѝ служи на тесната група на ВМРО-ДПМНЕ околу Груевски. Нема превенција. Професионалците во МВР се маргинализирани и тргнати на страна.Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
„Раната откривачка етапа на ваквите кривични дела овозможува да се упати сигнал кон извршителите дека идните можни сторители ќе бидат откриени во еден догледен кус период, така што самите ќе се откажат од можното извршување на ваквите кривични дела. Вториот елемент е судството. Ако во судството имаме за тешки кривични дела каде што е одземен живот, да речеме во кумановскиот суд имавме пресуда од само мислам 12 месеци затвор за згазен човек и потоа избегано од местото на настанот, значи таквата казнена политика укажува дека не функционираат нештата во Република Македонија, односно дека идните извршители се осоколени да извршуваат нови такви кривични дела. Тоа е сериозен проблем кај нас“, вели Пивоваров.
Тој додава дека сега е променета методологијата на извршување на овие дела, и ако порано убиствата се извршувале без сведоци, во ноќ, сега сето тоа се прави безобѕирно.
СДСМ на прес конференција пред некој ден изрази загриженост за безбедноста на граѓаните во Македонија. Според нив, одговорните државни институции се неспособни да се справат со ситуацијата.
„МВР е претворено во алат за политичка репресија и лични пресметки. Наместо на народот, ѝ служи на тесната група на ВМРО-ДПМНЕ околу Груевски. Нема превенција. Професионалците во МВР се маргинализирани и тргнати на страна. Сè е интерес и политички диктат. Граѓаните не чувствуваат дека институциите ги штитат нивните права, ниту нивната безбедност. Ситуацијата ја усложнуваат притисоците од општата економска и социјална состојба, и бесперспективноста, под коишто живее народот“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Годинава се убиени 19 луѓе, а минатата година имало 20 кривични дела убиство, а во нив животот го загубиле 22 лица. Во 2012 година имало 28 убиства. Рекордна по бројот на убиства е 2003 година, кога се случиле 75 убиства.