Отпис на долгови - попис на сиромаштија

Над 2.000 барања за отпис на долгови, само на првиот ден од почеток на проектот, а до крајот се очекува да бидат поднесени до 100 илјади барања.

Над 2.000 барања за отпис на долгови, само на првиот ден од почеток на проектот, а до крајот се очекува да бидат поднесени до 100 илјади барања. Со новиот владин проект ветен за време на изборите повторно актуелни станаа прашањата за сиромаштијата и способноста на владата да ги реши проблемите на граѓаните.

Не даваат многу пари, жал ми е кога немам за јадење, дома умираме од глад, деца плачат. Треба да земаме повеќе социјално, 2.000 денари само за хигиенски работи не стасуваат.
Анкетиран граѓанин.

Бројот на сиромашни лица во државата е нешто над 30 проценти, покажуваа податоците за 2011 година, последните со кои располага Заводот за статистика. Во светски рамки, пак, во конкуренција од 187 држави во светот Македонија по сиромаштијата се најде на 84-то место на листата на Програмата за развој на Обединетите нации. Земјата тоа место го држи од 2012 година.

Според домашните статистички податоци процентот на вработени сиромашни лица изнесува 10 проценти во 2011 година. Според комбинираниот (AROPE) индикатор, во 2011 година процентот на сиромашни или социјално исклучени лица во Македонија изнесува 50,9 проценти или половина од вкупното население во земјата, во 2010 тој процент 47,4.

Прво треба да се направи пресметка да се види колку плата имаат политичари, па да дадат на народот од нивните плати, за да може сите да живеат.
Анкетиран граѓанин.

Дистрибуцијата на доходот во Македонија според квантили и Џини индексот покажуваат дека во периодот од 1998 до 2010 година, нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните расте. Најбогатите 20 отсто од населението во 1998 година поседувале 36,7 проценти од вкупниот доход, додека најсиромашните 20 отсто поседувале 8,5 проценти од вкупниот доход. Во 2010 година, најбогатите 20 отсто од населението во земјава поседуваат 49 проценти од вкупниот доход, додека најсиромашните 20 отсто поседуваат само 4,9 проценти од вкупниот доход.

„Само жена ми зима социјална помош од 2.000 денари, со тие не може ни да пазариме, а десет души сме.“

„Не даваат многу пари, жал ми е кога немам за јадење, дома умираме од глад, деца плачат. Треба да земаме повеќе социјално, 2.000 денари само за хигиенски работи не стасуваат.“

И покрај високото ниво на сиромаштија и нееднаквост, издвоените буџетски средства за активни мерки за намалување на сиромаштијата се навистина на ниско ниво и се намалени споредено со 2008 и 2009 година.
Марија Башевска, автор на студијата „Политиките на пазарот на труд и сиромаштијата во Македонија 2008-2013”.

„Прво треба да се направи пресметка да се види колку плата имаат политичари, па да дадат на народот од нивните плати, за да може сите да живеат.“

„Ние не можеме да излеземе на крај, среќа синот што ни помага, инаку не можеме да излеземе на крај, нема шанси“, велат дел од анкетираните граѓани.

Марија Башевска, автор на студијата „Политиките на пазарот на труд и сиромаштијата во Македонија 2008-2013”, вели дека зголемувањето на сиромаштијата и на нееднаквоста е резултат на континуирано отсуство на систематски политики насочени кон решавање на овој проблем.

„И покрај високото ниво на сиромаштија и нееднаквост, издвоените буџетски средства за активни мерки за намалување на сиромаштијата се навистина на ниско ниво и се намалени споредено со 2008 и 2009 година“, вели Башевска.

Анкетните листови пак на актуелните политичарите покажуваат дека тие го зголемиле контото на сметките, имаат повеќе недвижнини, повеќе уметнички слики.

Обединетите нации предупредуваат на опасноста од растечката нееднаквост и „структурната ранливост“, кои претставуваат уште посериозна закана за борбата против сиромаштијата. Се предлага владите да се насочат кон сеопфатна социјална заштита и да создаваат услови за вработување на сите.