Инфективни цревни заболувања во Куманово има и ова лето, меѓутоа бројот на пријавените е намален. Матичните лекари кои се преоптоварени со административни обврски од за нив познати причини не ги пополнуваат формуларите за регистрирање на овие болести. Поради тоа и Заводот за здравствена заштита нема евиденција, вели епидемиологот, доктор Предраг Ѓорѓиевски.
Досега во Заводот имаме 800 пријави во текот на оваа година. Тоа е најмалку во последните десетина години. Дека состојбата е подобрена јас се сомневам. Навиките на луѓето сè уште се исти.Доктор Предраг Ѓорѓиевски.
„Досега во Заводот имаме 800 пријави во текот на оваа година. Тоа е најмалку во последните десетина години. Дека состојбата е подобрена јас се сомневам. Навиките на луѓето сè уште се исти. А и климатските услови не одговараат многу, затоа што има порои, поплави, топло-ладно време. А зборуваме за цревни заразни болести“, вели тој.
Зеленчукот веројатно не се мие соодветно, а и комуналната и личната хигиена не се многу подобрени.
„Сето тоа сигурно резултира со појава на проливи и повраќања, тие таканаречени цревни заразни болести кои се побенигни. Бенигни во однос на исходот на болеста, но сепак и тие знаат да бидат тешки и мачни, а за мали деца и за повозрасни луѓе, и опасни“, вели епидемиологот.
Матичните лекари имаат премногу административна работа. Тоа е факт. Тој има две минути време да го погледне пациентот, а 15 минути да пишува за него или околу него. Малку време треба да ја напише пријавата, меѓутоа не знам зошто не ги пишуваат пријавите.Доктор Предраг Ѓорѓиевски.
Нискиот животен стандард, според доктор Ѓорѓиевски, не може и не треба да биде причина за појава на овие болести. Причината е неодржување хигиена. Веројатно секој може да купи едно сапунче, а оваа година во кумановско имаме и доволно вода. За листеријата која е актуелна, епидемиологот го посочува едниот случај од селото Руѓинце, Општина Старо Нагоричане. Се работи за новороденче со листериозна сепса.
„Веројатно мајката била инфицирана, но не и заболена. Детето имало температура, префрлено е на Детска клиника во Скопје, потоа веќе беше подобро и беше пуштено дома“, вели тој.
Поради петте смртни случаи во Македонија се прават испитувања за листеријата. Тоа е голема бројка иако и салмонелата и пашигелата, ешерихија и другите предизвикувачи на овие болести одамна се познати. А новороденчето е заразено бидејќи мајката живее во многу нехигиенски услови. За бруцелозата, доктор Ѓорѓиевски вели дека една деценија веќе не е проблем во кумановско.
„Тоа значи дека добитокот почна да се вакцинира и тоа е причината да нема заболени од оваа болест, а за неколку години веројатно ќе се исчисти, бидејќи ќе биде вакцинирано секое грло добиток што ќе стаса за тоа“, вели тој.
За шугата која поодамна беше присутна, особено кај децата, доктор Ѓорѓиевски смета дека ја има вообичаено. Тој додава дека се создава впечаток дека ја нема, бидејќи не се пријавува.
„Матичните лекари имаат премногу административна работа. Тоа е факт. Тој има две минути време да го погледне пациентот, а 15 минути да пишува за него или околу него. Малку време треба да ја напише пријавата, меѓутоа не знам зошто не ги пишуваат пријавите. Ете, тие тука одлучуваат малку да заштедат време“, објаснува епидемиологот Ѓорѓиевски.