За некого мајка, за некого маќеа. За едните слобода, за другиве казна. Македонската влада и судството кое го контролираат работат со двојни аршини.
Едно вакво заташкување низ лавиринтите и институциите на системот скоро видовме, „верниците“ од Веритас кои безмалку не ја урнаа Општина Центар сè уште се на слобода, а во исто време и недостапни за МВР, обвинителството и судот.
Членовите на нивната „фамилија“ немаат страв од законот. Судските пресуди се влечат додека не застарат, затоа што нели, кој смее да осуди човек на Груевски, Ахмети, Јанкулоска...
Оние кои бараат правда и креваат глас против неправда, ќе молчат во затвор.
За „Монструм“ е чувствително да се расправа. Згаснаа млади животи и кој и да го сторил тоа треба да добие максимална казна затвор. Но, сето тоа, по уредна полициска истрага и судски процес полн со факти, аргументи и докази.
Во овој случај не беше така, судот контролиран од партијата на власт пресуди доживотен затвор за неколкумина граѓани на оваа држава, истиот тој суд во кој што јас одамна ја изгубив довербата поради сите политички процеси кои досега ги спроведе против Бошкоски, Рамкоски, Кежаровски. Она што МВР и судот го знаеја е дека требаше да казнат Албанци, кои не се блиски до ДУИ. И ги казни најстрого.
Мислејќи дека живеат во правна и демократска држава, група млади лица излегоа на протест, не да бараат монструмите да не бидат казнети, туку да се најдат вистинските монструми.
Не знаеја дека фразата „Али предавник“ не смеат да ја писнат во земјава без „амин“ од Груевски, па експресно завршија во затвор.
Наспроти случувања поврзани со процесот Монструм, деновиве во Старата чаршија се случи еден немил настан, недолжни граѓани беа дел и претрпеа став од неколку лица на кои им пречело пуштањето на македонска музика. Дивјачки го искршија ноќниот бар само затоа што се пуштало македонска музика. Полицијата ги откри сторителите и некои од медиумите објавија дека луѓето кои таа вечер го сториле делото во ноќниот клуб биле блиски до владејачката партија ДУИ. Ова во чаршија е загрижувачко и треба поригорозно да се санкционира, се работи за етничка нетрпеливост, а не за пароли Али предавник, и по некој скршен прозорец.
Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека теоретската поделба на власта е само пишан документ. Власта успеа извршната, законодавната и судската власт да ги спои во едно и за тоа едно да одлучуваат ексклузивно само тие во нивните партиски штабови.
Да бидам искрен, не верувам дека за овој настан судот и МВР со ист интензитет ќе го расчистат овој настан. Едвај чекам да ја видам судската разврска за овој случај, дали со истиот интензитет и исти казни ќе добијат и овие ликови. Злосторот е небаре ист, дали и овие ликови ќе добијат по три години затворска казна, очекуваме експедитивност, правично судење, но и заслужени казни, но да видиме дали поради блискоста со ДУИ случајот ќе биде заборавен.
Едно вакво заташкување низ лавиринтите и институциите на системот скоро видовме, „верниците“ од Веритас кои безмалку не ја урнаа Општина Центар сè уште се на слобода, а во исто време и недостапни за МВР, обвинителството и судот.
Двојните аршини на власта стануваат сè поприсутни во македонското општество. Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека теоретската поделба на власта е само пишан документ. Власта успеа извршната, законодавната и судската власт да ги спои во едно и за тоа едно да одлучуваат ексклузивно само тие во нивните партиски штабови.
Револтот кај сограѓаните Албанци го разбирам бидејќи ја загубија довербата во судството под палката на Груевски и Ахмети. Следниот чекор може да биде и губење на довербата кон Груевски и Ахмети, тогаш тие што лажно обвинуваат и монтираат ќе бидат предмет на судовите. До тогаш пендрекот е кај вас, а за утре не знаеме кај кого ќе биде!