Веднаш по објавувањето на пресудите за случајот „Монструм“, Граѓанското движење „Разбуди се “објави соопштение во кое го изразува својот револт и несогласување со пресудата и изразува сомнеж во, како што се вели, кредибилитетот на судот, обвинителството и целиот судски систем во државата. Сепак од здружението велат дека не стојат зад најавените протести и организирано како здружение нема да учествуваат во нив.
Протестите се организирани, колку што имаме сознание, преку социјалните мрежи и „Разбуди се“ не е дел од организацијата на овие протести .Беким Хоџа, „Разбуди се“.
„Протестите се организирани, колку што имаме сознание, преку социјалните мрежи и „Разбуди се“ не е дел од организацијата на овие протести и не може да стане збор за никакво поднесување на некаква одговорност за тоа што би можело да се случи или како се планира“, изјави Беким Хоџа од „Разбуди се“.
Тој, според тоа, вели и дека не треба најавените протести да се поврзуваат со ова здружение, а следствено на тоа нема да преземат ниту каква и да е одговорност за евентуални инциденти доколку се случат на најавените протести.
Битно да се испочитува правото на протест на граѓаните и граѓанките на мирен протест, меѓутоа исто така е битно и да се задржи здравиот разум и мудроста.Џабир Дерала, Цивил.
Повикот упатен преку социјалните мрежи повикува на протест против монтираните случаи, невините убиства, семејните малтретирања, етничката и верска омраза. „Ова не е само протест, туку е национална обврска да живееме со мотото: денеска кај соседите, утре дома. Доколку не интервенираме денес кога неправдата достигна кулминација, тогаш нека останат без сон очите на страшливците“, се вели во објавата.
Невладината „Цивил“ по објавувањето на повикот, се огласи до апел за смиреност, разбирање и почитување на правото на протест.
„Ние сметаме дека е многу важно да се алармира јавноста дека е битно да се испочитува правото на протест на граѓаните и граѓанките на мирен протест, меѓутоа исто така е битно и да се задржи здравиот разум и мудроста, а од друга страна важно е институциите да сфатат дека не смеат да демонстрираат моќ“, изјави Џабир Дерала од Цивил.
Голема причина за тие протести, реакции на граѓаните во однос на судските одлуки е недовербата во нашето судство.Темелко Ристевски, универзитетски професор.
Важно е организациите од типот на „Разбуди се“ кои се појавија со јавен револт против пресудата да внесат разум меѓу оние кои имаат намера да протестираат, додава Дерала. Битно е исто така и чесно ваквите потези од некого сепак да бидат потпишани и организаторот да се појави бидејќи станува збор за многу сензитивно прашање, вели Дерала.
Она околу што институциите треба да размислат е позадината на ваквите реакции, велат експертите каде што како клучна ја посочуваат изгубената доверба во судството.
„Голема причина за тие протести, реакции на граѓаните во однос на судските одлуки е недовербата во нашето судство. Тоа се наполни со кадар, примен по партиска линија, не врз основа на МЕРИД системот на заслуги“, посочува професор Темелко Ристевски.