Младите прилепчани се обидуваат што порелаксирано да го поминат ова лето. Велат дека градот не им нуди многу забава, па во долгите летни денови, како алтернатива за летен одмор крај езеро или море, го избираат базенот.
Се намалува интересот за далечните дестинации, Турција редовно си е, како минатата година, така и оваа, Грција, од почетокот беше малку послабо, меѓутоа, потоа се засили и сега до 20-ти август сè е полно.Бранко Карески, сопственик на туристичката агенција Бран.
„Излегувам секој ден со другарките, нема некоја посебна забава, одиме и на базен во текот на денот, но сепак, одвај чекам да дојде датумот кога ќе заминам на одмор во Грција“, вели студентка од Прилеп.
„Ова лето планирам да одам на летување на островот Крф во Грција, се одлучив поради прифатливата цена и поради тоа што сакам да летувам на острови најмногу и поради тоа што имам можност да прошетам на одморот“, вели нејзина колешка.
Не ни размислувам за летување, работам тутун, кај високите цени и нема пари, доволно чувам 100 денари за да појдам на тутун и да се вратам, за на летување не доаѓа предвид, не сум бил досега и не ни размислувам.Жител на Прилеп.
Но, не само младите, ова лето голем број прилепчани покажуваат интерес за летување во Грција. Велат дека таму се поевтини аранжманите, а условите многу подобри и во однос на македонските и во споредба со другите странски дестинации. Во туристичките агенции тешко се наоѓа резервација до средината на август.
„Се намалува интересот за далечните дестинации, Турција редовно си е, како минатата година, така и оваа, Грција, од почетокот беше малку послабо, меѓутоа, потоа се засили и сега до 20-ти август сè е полно“, вели Бранко Карески, сопственик на туристичката агенција Бран.
Тој посочува на причините зошто се намалува интересот на летувалците за Охрид како најатрактивна домашна туристичка дестинација.
„Самите хотелиери мислам дека непрофесионално работат, ги отфрлија агенциите за соработка, со тоа од година во година се намалува бројот на нашите аранжмани и нормално се намалува интересот“, смета Карески.
Но, немаат сите граѓани буџет за летување. Посиромашните тутунари ќе си останат со работата по нивите, пензионерите во друштво на своите врсници.
„Не ни размислувам за летување, работам тутун, кај високите цени и нема пари, доволно чувам 100 денари за да појдам на тутун и да се вратам, за на летување не доаѓа предвид, не сум бил досега и не ни размислувам.“
„Си излегуваме, имам пријателки, си шетаме кај неа, кај мене, си одам со пензионерите сега ќе одам на Галичник, бев Демир Хисар“, велат дел граѓани.
Се чини најголем е бројот на граѓани, кои ќе се разладуваат само со миење на дворовите, а мирисот на летото ќе го живеат со вечерните прошетки низ градот.