Вработените во образованието, науката и културата протестираат како предупредување за наталожените проблеми во нивните сектори. Протестираат против ниските плати, неприменувањето на колективни договори, против неподносливата политизацијата во овие области, протестираат затоа што надлежните не преземаат мерки да ги решат проблемите, а најчесто се и генератори на истите, протестираат затоа што не можат да бидат неми сведоци на случувањата и да се помират со истите, велат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Денешниот протест е предупредувачки до властите, а доколку не се исполнат нивните барања, СОНК најавува генерален штрајк од 1 септември.
Ние ќе излеземе на јавен протест, ќе излеземе онолку колку што ќе дозволат моќниците СОНК да излезе на јавен протест. Ние сме свесни дека од бројката што беше пријавена пред два дена дека веќе е за третина намалена, тоа значи дека притисоците се жестоки.Јаким Неделков, претседател на СОНК.
СОНК не се согласува со моделот на екстерното тестирање, со „ексклузивниот македонски модел“ на автономија во високото образование, со незаконските разлики во висина на платите во културата.
Претседателот на Синдикатот Јаким Неделков, вчера изјави дека имаат страшни притисоци нивни членови да не излегуваат на протест. Освен предупредувања до членовите, имало и до нивните семејства, но и покрај тоа СОНК реши да излезе на протест.
„Ние ќе излеземе на јавен протест, ќе излеземе онолку колку што ќе дозволат моќниците СОНК да излезе на јавен протест. Ние сме свесни дека од бројката што беше пријавена пред два дена дека веќе е за третина намалена, тоа значи дека притисоците се жестоки.“
Проблемите во образованието излегоа на виделина по штрајкот со глад на тројца професори на Економскиот факултет во Штип. Првин со нив се солидаризираше локалниот огранок на СОНК, а потоа зад штрајкот застана целиот Синдикат, за на крај се да прерасне во предупредувачки протест. Тројцата професори штрајкуваат со глад повеќе од 20 дена. Ректорот на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, Саша Митрев, пак, преку неколку дневни весници ги повика штрајкувачите да достават писмена документација на увид на јавноста и до ректорската управа со која ќе потврдат дека ги исполнуваат условите за избор во вонредни професори.
Протестот зад кој стои СОНК, го поддржаа многу синдикати и организации со се занимаваат со работнички права, меѓу кои Синдикатот на новинари и медиумски работници, МОФ, левичарското движење Солидарност.