Младински совети за повеќе младински активности

Дебар.

Формираното младинското јадро во Дебар спроведе истражување со кое ги утврди најголемите и најчестите проблеми со кои се соочуваат младите.

Младите во Дебар веруваат дека има потреба од формирање на Младински совет, со цел тие да го зголемат влијанието на локално ниво во однос на донесувањето на одлуки за да се забрза во континуитет решавањето на нивните проблеми.

Клучни проблеми на младите во Дебар се невработеноста, емиграцијата во странство, потребата од повеќе културни активности, како и активности во сферата на спортот.
Мирон Муладаути, активист во младинското јадро.

Формираното младинското јадро во овој град спроведе истражување со кое ги утврди најголемите и најчестите проблеми со кои се соочуваат младите, поради што и се верува дека проблемите треба да се решаваат со зголемено организирање на младите, а тоа би бил младинскиот совет, вели Мирон Муладаути, активист во младинското јадро.

Мирон Муладаути, младински активист од Дебар.

„Клучни проблеми на младите во Дебар се невработеноста, емиграцијата во странство, потребата од повеќе културни активности, како и активности во сферата на спортот. Со формирањето на Младинскиот совет, а потоа и со креирањето на стратегијата за млади ќе се надминуваат овие проблеми постепено“, вели тој.

Треба да се стави повеќе акцент на културните и спортските манифестации и активности. Младите имаат потреба да се истакнуваат пред другите, да докажат што знаат и умеат.
Милка Јосифовска, активистка во младинското јадро.

И Милка Јосифовска е активистка во младинското јадро која смета дека треба да се формира Младински совет. Таа оценува дека младите треба повеќе да дојдат до израз преку нивното докажување и истакнувања, а во врска со соживотот во Дебар смета дека тој е многу добар.

Милка Јосифовска, младински активист од Дебар.

„Јас мислам дека битно е да се надминат и проблемите во културата и спортот. Треба да има повеќе активности. Треба да се стави повеќе акцент на културните и спортските манифестации и активности. Младите имаат потреба да се истакнуваат пред другите, да докажат што знаат и умеат“, вели Јосифовска.

Во сите 12 општини поддршката од страна на локалните власти е на високо ниво. Така е и во Дебар. Младинското јадро во Дебар има поддршка од општината.
Линдита Ајдини , координаторка нај проектот за Младински совет.

РСЕ: Сметате ли дека младите треба да имаат повеќе поддршка од локалните власти?

„Сметам дека младите сами не можат ништо. На нив им е потребна поддршка од локалните институции за да реализираат некоја активност“, вели таа.

РСЕ: Како живеат младите меѓу себе?

„Соживотот меѓу младите во Дебар е на високо ниво. Помеѓу младите не се изразени оние етнички проблеми кои ги слушаме од медиумите. Животот не може да биде совршен, но меѓуетничките односи во нашиот град се навистина прекрасни“, додава Јосифовска.

Општина Дебар е една од 12-те општини во Македонија во која се проведува проектот за развој на младинското учество и младинската локална политика. Координаторката на овој проект Линдита Ајдини најавува дека во септември Младински совети со поддршка на овој проект ќе се основаат во 12 општини меѓу кои е и Дебар.

„Цел на овој проект е формирање на Младински совети во 12 општини во нашава земја и креирање на стратегија на локално ниво за младите. Тоа значи дека младите ќе можат многу подобро да дејствуваат на локално ниво во Македонија. Самиот проект е развој на младите во заедницата и локалната политика на младите и се имплементира од страна на Центарот за меѓукултурен дијалог со партнерство со Младинскиот образовен форум. Финансиран е од ЕУ преку ИПА програмите за развој“, вели таа.

РСЕ: Каква е поддршката на проектот од страна на општините?

„Во сите 12 општини поддршката од страна на локалните власти е на високо ниво. Така е и во Дебар. Младинското јадро во Дебар има поддршка од општината“, вели Ајдини.