Претстојниот период навестува бран на поскапувања. Него ќе го предизвикаат поскапувањето на струјата и на бензините. Летово го одбележа и поскапување на авто-осигурувањето и на патарините кое веќе им ги испразни џебовите на граѓаните.
. Најмногу не ми се допаѓа што сето тоа со поскапувањата оди тивко, ненајавено.Анкетиран граѓанин.
„Патував баш вчера и дадов околу 200 денати повеќе отколку што планирав. Најмногу не ми се допаѓа што сето тоа со поскапувањата оди тивко, ненајавено. Јас сметам дека и понатаму ќе одат поскапувањата и дека нема да остане само на ова.“
„И претходно беше скапо, бидејќи ништо не им се правеше на патиштата, секогаш каде и да идам, каде и да патувам, има дупки. Кога ќе се направи некој пат како што треба, тогаш може да кажеме дека патарината може да биде и 10 евра. Меѓутоа дај направете ги патиштата, оти да се движиш по дупки, не е ОК.“
Летните месеци кога граѓаните се надвор од своите домови, а најчесто и надвор од државата, се најпогодни за поскапувања.Зоран Ивановски, универзитетски професор.
Стручњаците очекуваат дека и натаму ќе слабее куповната моќ, а потрошувачката кошница и оваа година ќе биде уште посиромашна.
„Познато е и во теоријата и во праксата дека најчесто летните месеци кога граѓаните се надвор од своите домови, а најчесто и надвор од државата, се најпогодни за поскапувања, затоа што и реакцијата е послаба, фокусот не им е тука и тоа е честа пракса летните месеци да се користат да се направат корекции на цените таму каде што е планирано“, коментира професор Зоран Ивановски.
Граѓаните го делат впечатокот дека во наредниот период набавките ќе се намалуваат и помалку ќе се купува.
Сега додека трае жетвата нема да ја поскапат пченицата, а потоа господ нека ни е напомош.
„Претходно беше поскапувањето на струјата, сега патарините и регистрација на возилата, а да не зборуваме за „падни-стани“ на горивата, меѓутоа најстрашното, според мое мислење, е тоа што доаѓа после жетвата, сега додека трае жетвата нема да ја поскапат пченицата, а потоа господ нека ни е напомош“
До најновите поскапувања дојде откако претходно владата понуди низа социјални пакети за одредени категории граѓани. Економистите без конкретен став дали поскапувањата ќе бидат наменети за покривање на тие социјални расходи.
„Станува збор за буџетски расходи кои се планирани во буџетот, од друга страна изворите за полнење на буџетот се повеќекратни“, вели Ивановски.
Како и да е кај граѓаните останува впечатокот дека се нудат социјални пакети, но дека од друга страна граѓаните се оптоваруваат со нови давачки.
„Пензиите ќе се зголемат за 5 отсто, а сето друго ќе поскапи за 10 проценти.“