Достапни линкови

Ветувањата не се за верување


Колку некои ветувања, како отпишување долгови кон приватни субјекти, држат вода од правен аспект. Од каде пари? Или ако нема пари ќе има кредити.

Во својата предизборна кампања владата ветува дека ќе се потруди сиромашните луѓе да немаат долгови пред јавните претпријатија, дека ќе има повеќе пари за зголемување на платите и оти покрај тоа ќе има намалување на ДДВ за одредени производи како што се бебешката храна и ученичкиот прибор.
Несомнено, ако тоа се реализира, ако ВМРО-ДПМНЕ победи, дека ќе го оптовари буџетот и дека ние сите како граѓани ќе треба да ги поднесеме тие неподмирени долгови.
Христо Карталов, економски аналитичар.


Економистите велат дека слични ветувања се повторуваат од едни до други избори, но за нив многу поинтересно е прашањето колку пари ова ќе ја чинат државата. Еден од парадоксите е дека учесниците во изборната трка не знаат колку чинат овие ветувања, вели професор Христо Карталов.


„Се ветува нешто, а не се има јасна претстава колку ќе биде тој товар, колку ќе биде тоа како финансиска конструкција. Фискалните служби во организираните држави имаат увид на терен за тоа за колкав број на граѓани станува збор, за колку средства се потребни.“
Уште поинтересно е тоа како владата отпишува долгови на лица кон приватни субјекти, тоа е и правно неиздржано.
Ванчо Узунов, СДСМ.


Економистите анализираат дека последните неколку години она што се врзува за нашата земја се невработеност, поскапувања, сиромаштија, задолжувања и буџет што не се полни како што треба. Да не ја споменуваме просечната плата и потрошувачката кошничка велат тие.

Владата не размислува кај ќе ги најде парите туку се бори за свој опстанок и ова е едно од оружјата вели Ванчо Узунов, потпретседател на опозициската СДСМ. За него непознаница е дали ветувањата на владата имаат правна основа во делот на отпишувањето на долговите за сметки на сиромашните граѓани.

„Власта не размислува од кај ќе ги најде парите, дали од буџетот или од други извори, едноставно сака да остане на власт по секоја цена и ова е едно од оружјата. Пари за тоа во буџетот ќе нема, што значи дека тоа ќе генерира нови задолжувања ако воопшто се оствари, а уште поинтересно е тоа како владата отпишува долгови на лица кон приватни субјекти, тоа е и правно неиздржано.“

Повеќе години приказната е иста - избори, нови планови, ветувања и потоа движење во круг и повторно избори. Барајќи заклучок на оваа приказна економистите може само да видат дека сè се прекршува врз обичниот човек, односно оние кои заработуваат просечна плата, вели професор Карталов.

„Несомнено, ако тоа се реализира, ако ВМРО-ДПМНЕ победи, дека ќе го оптовари буџетот и дека ние сите како граѓани ќе треба да ги поднесеме тие неподмирени долгови на тој дел од граѓанството, се знае како, се позајмуваат кредити, се задолжува државата и така тоа функционира“, додава Карталов.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG