Дваесетдневната кампања за претседателските избори започнува денеска. Во трката за шеф на државата влегуваат актуелниот претседател Ѓорге Иванов поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА.
Се чини дека партиите го дочекаа почетокот на кампањата со низок старт. Веднаш штом часовникот ноќеска отчука полноќ се случи вистинско цунами од платена политичка програма на телевизиите, веднаш почнаа да се лепат билборди, а денешните изданија на весниците се полни со предизборни реклами. Сето тоа е првиот знак дека партиите нема да штедат на политичка промоција.
ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат, актуелниот претседател Ѓорге Иванов, традиционално, кампањата ќе ја почнат од Охрид, по што ќе следуваат митинзи и средби со граѓаните во многу места од целата држава. Претседателот Иванов вчера во Скопје ја претстави својата програма за претстојните избори. Европа во Македонија и Македонија во Европа, држава и економија кои создаваат нови работни места и Македонија дом во кој се гради благосостојба за сите, се трите програмски цели на Иванов. Тој рече дека неговата програма е продолжение од неговиот прв мандат.
„Како Претседател нема да дозволам решение за спорот наметнат од Грција без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа, мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдум да се согласни со решението. Ниту еден поединец, ниту група граѓани или политичари, партија, влада или собрание не може да оди против волјата на народот која е конечна“, рече Иванов.
СДСМ и нивниот кандидат Стево Пендаровски стартот на кампањата го најавуваат за денеска со конвенција во Универзалната сала во Скопје, а потоа со средби со граѓани, митинзи и засилена активност на социјалните мрежи. Откако СДСМ одлучи да го кандидира, Пендаровски вети враќање на Македонија на „нормален колосек“.
„Нормално е Македонија да биде демократска, а не автократска држава. Нормално е да биде рамноправна членка на ЕУ, а не сојузник со африканските диктатури и сомнителни бизнисмени од Азија. Горд сум што бев еден од најблиските соработници на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Искуството кое го стекнав со нив двајцата ме прави целосно свесен за одговорноста која ја носи функцијата Претседател на Македонија“, рече Пендаровски.
ГРОМ и кандидатот за претседател Зоран Поповски вечерва ќе стартуваат со митинг во трговскиот центар Лептокарија во Општина Карпош. Тие најавуваат позитивна кампања без употреба на говор на омраза и со засилено користење на социјалните мрежи.
ДПА и Илијаз Халими главно ќе одат на средби со граѓани, на средби од врата на врата, без организирање на големи митинзи, освен почетниот, вечерва во скопската населба Чаир.
Првиот круг на петтите претседателски избори ќе се одржи на 13 април, додека вториот круг од изборите на 27 април, за кога се закажани и предвремените парламентарни избори.
Како Претседател нема да дозволам решение за спорот наметнат од Грција без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа, мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдум да се согласни со решението.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија кој бара втор мандат од граѓаните.
Се чини дека партиите го дочекаа почетокот на кампањата со низок старт. Веднаш штом часовникот ноќеска отчука полноќ се случи вистинско цунами од платена политичка програма на телевизиите, веднаш почнаа да се лепат билборди, а денешните изданија на весниците се полни со предизборни реклами. Сето тоа е првиот знак дека партиите нема да штедат на политичка промоција.
ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат, актуелниот претседател Ѓорге Иванов, традиционално, кампањата ќе ја почнат од Охрид, по што ќе следуваат митинзи и средби со граѓаните во многу места од целата држава. Претседателот Иванов вчера во Скопје ја претстави својата програма за претстојните избори. Европа во Македонија и Македонија во Европа, држава и економија кои создаваат нови работни места и Македонија дом во кој се гради благосостојба за сите, се трите програмски цели на Иванов. Тој рече дека неговата програма е продолжение од неговиот прв мандат.
Нормално е Македонија да биде демократска, а не автократска држава. Нормално е да биде рамноправна членка на ЕУ, а не сојузник со африканските диктатури и сомнителни бизнисмени од Азија.Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија.