Македонците од дијаспората по втор пат ќе имаат можност во амбасадите на земјата да гласаат на престојните избори. Но, токму еден од приговорите на политичките партии беше избирачкиот список на граѓаните кои се пријавиле за гласање во дијаспората. Од ДУИ побараа да се избришат 453 лица од списокот на амбасадата во Тирана. Додека телевизијата Алсат објави дека МНР испратило дипломати да лобираат за ВМРО-ДПМНЕ во Европа.
Потпретседателот на Државната изборна Комисија (ДИК), Схуби Јакупи вели дека искуството од минатите избори ќе им помогне сега да бидат поподготвени за гласањето. Според него избирачките одбори веќе се формирани и во нив има претставници и на политичките партии кои имаат свои кандидати во дијаспората.
„Кога се врши гласање во дијаспората нема системски притисок за да може да има евентуални неправилноста како што е кај нас во Република Македонија, така што јас мислам дека тоа што политичките партии ќе имаат свои претставници, нивни овластени луѓе кои ќе набљудуваат процесот, и ако има такви нерегуларности ние со приговори ќе ги разгледаме и тогаш ако има потреба и ќе ги поништиме изборите.“
Од МНР велат дека тие само се надлежни за упатување на апел до македонските државјани за нивно пријавување во амбасадите и за прибирање на списоците со нивните имиња. Потоа, како што велат од МНР списоците на проверка ги испраќаат во ДИК и за таа намена има по еден дипломат кој ги извршува дадените обврски и комуницира со граѓаните.
Теодора Поповска од Мост кои на минатите избори имаа набљудувачи на 19 места во амбасадите вели дека не биле забележани некои посериозни нерегуларности.
„Но мора да се има предвид фактот дека заинтересираноста и одѕивот на гласачите во странство беше на многу ниско ниво. Заедничка карактеристика на гласањето во скоро сите ДКП- а беше и големиот број на гласачи кои сакаа да гласаат, но не беа запишани во избирачкиот список, ова пред се се должеше на несоодветната информираност на државјаните на Република Македонија кои живеат во странство за начинот и рокот за пријавување за гласање.“
Од МОСТ велат дека се уште не знаат дали и на овие избори ќе имаат набљудувачи во странство.
Кога се врши гласање во дијаспората нема системски притисок за да може да има евентуални неправилноста како што е кај нас во Република Македонија.Субхи Јакупи, потпретседател на ДИК.
Потпретседателот на Државната изборна Комисија (ДИК), Схуби Јакупи вели дека искуството од минатите избори ќе им помогне сега да бидат поподготвени за гласањето. Според него избирачките одбори веќе се формирани и во нив има претставници и на политичките партии кои имаат свои кандидати во дијаспората.
„Кога се врши гласање во дијаспората нема системски притисок за да може да има евентуални неправилноста како што е кај нас во Република Македонија, така што јас мислам дека тоа што политичките партии ќе имаат свои претставници, нивни овластени луѓе кои ќе набљудуваат процесот, и ако има такви нерегуларности ние со приговори ќе ги разгледаме и тогаш ако има потреба и ќе ги поништиме изборите.“
Но мора да се има предвид фактот дека заинтересираноста и одѕивот на гласачите во странство беше на многу ниско ниво.Теодора Поповска, Мост.