На прашањето „Дали жителите на Пустец ќе гласаат како жители на Македонија или како дијаспора на претстојните избори во Македонија?“, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека за тоа не е надлежно МВР туку Државната изборна комисија. Јанкулоска објасни дека не може да каже кој се е дел од избирачкиот список, затоа што тој во целост спаѓа под ингеренциите на ДИК и таа не сака да говори во име на другите институции.
„Ние сите податоци од евиденциите на МВР од фактичката состојба ги доставивме до ДИК. Како ДИК ќе постапува, какви одлуки ќе носи, каков список ќе потпише за спроведување на изборите не е во моја надлежност и не би можела да одговорам. Нашата обврска беше согласно член 43 од изборниот законик во рок од 24 часа од распишувањето на изборите, податоците од базите на МВР, кои ние ги водиме по службена должност ги доставивме до ДИК“, изјави Јанкулоска.
Опозицијата вели дека жителите на Пустец пред минатите избори добиле македонски биометриски исправи за да можат да гласаат за власта. Тие обвинуваат дека овие луѓе се дел од новиот избирачки список со што можат да гласаат и на овие избори. Претставниците на Државната изборна комисија по седницата не одговараа на новинарски прашања.
Според Изборниот законик, за претстојните претседателски избори дијаспората ќе гласа во три изборни единици на 12 април. Граѓаните кои не живеат во Македонија, а сакаат да гласаат, треба да достават документи за законски престој во странство и пријава со личен потпис во дипломатските претставништва. Досега во избирачкиот список со ѕвездичка се означени 68.000 македонски граѓани кои гласаат од странство.
Јанкулоска изјави дека ажурираните податоци на Избирачкиот список се веќе испратени до ДИК. Таа најави дека активностите на полицијата за претседателските избори ќе бидат поделени во три фази - предизборен период, вклучувајќи ја и кампањата, денот на гласање и периодот по затворањето на гласачките места.
„Во целост е подготвен и Одделот за обезбедување кој има обврска на сите кандидати за претседател на државата, чија кандидатура ќе биде официјализирана од Државната изборна комисија, да им понуди соодветна заштита во текот на предизборната кампања. Ние сме подготвени да направиме се што е во наша моќ граѓаните повторно да можат во мирна, фер и демократска атмосфера да гласаат за опцијата која сметаат дека е најдобра“, рече Јанкулоска.
Државната изборна комисија соопшти дека претседателските избори ќе чинат најмалку 4 милиони евра. Но велат дека оваа сума не е конечна затоа што дополнително ќе треба да платат за јавните огласи во најтиражните весници во земјите каде што живеат иселениците. Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи најави и нов изглед на избирачкиот список.
„Досегашниот список изгледаше демоде. Сегашната практика ја има во многу држави, во Косово, во Хрватска, имавме можност да го видиме во Словенија овој начин со кој точно се евидентира“, вели Јакупи.
Поради одржувањето на претседателските избори на 13 април, се очекува Собранието на Македонија да работи до 10 март. Дотогаш треба да се одржи уште една нова пленарна седница. Можно е да се одржи уште една седница посветена на пратенички прашања за која претседателот на законодавниот дом ќе се консултира со координаторите на пратеничките групи. Таа би требало да се одржи на 27 февруари, односно последниот четврток во месецот.
Во целост е подготвен и Одделот за обезбедување кој има обврска на сите кандидати за претседател на државата, чија кандидатура ќе биде официјализирана од Државната изборна комисија, да им понуди соодветна заштита во текот на предизборната кампања.Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
„Ние сите податоци од евиденциите на МВР од фактичката состојба ги доставивме до ДИК. Како ДИК ќе постапува, какви одлуки ќе носи, каков список ќе потпише за спроведување на изборите не е во моја надлежност и не би можела да одговорам. Нашата обврска беше согласно член 43 од изборниот законик во рок од 24 часа од распишувањето на изборите, податоците од базите на МВР, кои ние ги водиме по службена должност ги доставивме до ДИК“, изјави Јанкулоска.
Опозицијата вели дека жителите на Пустец пред минатите избори добиле македонски биометриски исправи за да можат да гласаат за власта. Тие обвинуваат дека овие луѓе се дел од новиот избирачки список со што можат да гласаат и на овие избори. Претставниците на Државната изборна комисија по седницата не одговараа на новинарски прашања.
Досегашниот список изгледаше демоде. Сегашната практика ја има во многу држави, во Косово, во Хрватска, имавме можност да го видиме во Словенија овој начин со кој точно се евидентира.Субхи Јакупи, ДИК.