Продолжување на протестите мотивирани од судската пресуда за случајот Монструм и добивањето масовност може да ја влошат општата ситуација во Македонија, оценуваат безбедносните аналитичари. Според професор Владимир Пивоворов, тоа зависи од радикалноста на оние што протестираат. Од тоа што го видовме, додава тој, овие протести имаат потенцијал да влијаат врз безбедноста.
Со тоа што тие беа доста насилни протести, иако и соседните држави, меѓународниот фактор и политичките партии апелираа за воздржаност и за мирни протести, меѓутоа бевме сведоци дека протестите апсолутно не беа мирни, односно дека некој сакаше да предизвика инцидент.Владимир Пивоваров, универзитетски професор.
„Со тоа што тие беа доста насилни протести, иако и соседните држави, меѓународниот фактор и политичките партии апелираа за воздржаност и за мирни протести, меѓутоа бевме сведоци дека протестите апсолутно не беа мирни, односно дека некој сакаше да предизвика инцидент“, вели Пивоваров.
И претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани смета дека случувањата поврзани со пресудата за судскиот процес Монструм може да влијаат врз безбедноста поради тоа што Македонија, како што вели, била кревка држава.
Ако протестите продолжат во сите градови, посебно каде што живеат мнозинство Албанци, односно од муслиманска вероисповед, тогаш веќе е реално да се очекува поголема нестабилност.Исмет Рамадани, претседател на Евроатланскиот совет на Македонија.
„Ако протестите продолжат во сите градови, посебно каде што живеат мнозинство Албанци, односно од муслиманска вероисповед, тогаш веќе е реално да се очекува поголема нестабилност, затоа што можат овие протести, односно демонстрации да бидат сè помасовни и може да бидат и колку масовни, толку и радикални“, оценува Рамадани.
Дел од паролите, пак, што ги извикуваа насобраните покрај тоа што беа насочени против претставници на актуелната владејачка гарнитура добија и верски карактер. Алах е голем, викаа тие, веејќи и исламски знамиња.
Рамадани нагласува дека официјалните политики на Албанците во регионов се против радикалниот ислам и про-НАТО, но не ја исклучува можноста радикални исламистите да се инфилтрираат во протестите. Сепак, тој смета дека Албанците го препознавале тоа и дека нема да дозволеле тие да ги преземат работите во свои раце.
Пивоваров, пак, додава дека во вакви ситуации очекувано е сите заинтересирани да се обидуваат да имаат полза.
„Видовме дека имаше религиозни повици што нормално дека ИВЗ треба да излезе јавно и да ги отповика таквите можности за такви повици и со тоа ќе бидеме уверени дека ништо нема од внатрешна страна, значи од Република Македонија, вмешано во ваквите повици“, вели Пивоваров.
Инаку сите овие случувања во Македонија доаѓаат во период во кој на светско ниво е актуелен Калифатот кој радикални исламисти го прогласија на територија на Ирак и на Сирија. Домашните безбедносни аналитичари велат дека не треба да има големи стравувања од овие случувања, бидејќи тоа било глобален проблем на кој реагирале светските сили.