Достапни линкови

Камења, водени топови и шок бомби на протестите за Монструм


На протестите за „Монструм“, полицијата употреби водени топови, солзавец и шок бомби за да ја смири толпата.

На демонстрациите за случајот Монструм во Скопје полицијата употреби водени топови, солзавец и шок бомби за да ја смири толпата народ која тргна кон Владата, а во моментов е потисната кон Мавровка.

Пред судот се слушаа извици „Ние не сме терористи“, „Јанкуловска е терорист“, „Голема Албанија“,, „Полициска држава“.

Претходно, од Јаја паша неколку илјади демонстрати тргнаа кон судот, а на Бит Пазар им се приклучија уште неколку стотини. Тие фрлаа камења кон зградата на Судот, а на новинарите не им дозволуваа да снимаат. Таму пристигнаa и припадни на специјалните полициски сили. Пред судот се слушаа извици „Ние не сме терористи“, „Јанкуловска е терорист“, „Голема Албанија“,, „Полициска држава“.

Од полицијата засега не даваат информации за приведени и повредени, но извештаите од лице место говорат за неколку проведени луѓе.

Протестот се случува поради незадоволство од судската пресуда за случајот „Монструм“. Тој беше најавен преку социјалните мрежи, а започна веднаш по завршувањето на петочната молитва во светиот муслимански месец Рамазан.

Случајот заврши на почетокот на неделата кога шестмина од обвинетите добија доживотни затворски казни поради обвиненија за тероризам за петкратнотото убиство кај Смилковско Езеро. Пред две година, пред Велигден, беа убиени четири момчиња и еден возрасен човек. Со протести досега беа проследени и неколку судски рочишта. Неколку невладини организации повика протестите да бидат мирни. Лидерот на ДУИ минатиот месец побара од мисијата на ОБСЕ „да продолжи внимателно да го следи судењето околу случајот „Монструм“, со цел сите страни да се осигураат во еден фер и праведен процес, базиран врз силни факти“. При неодамнешната посета на Македонија, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Астрид Торс, изрази загриженост во врска со периодични појави на меѓуетничките инциденти во земјата. Таа истакна дека посебно ја загрижува пресудата во случајот “Монструм“, што би можело да доведе до интензивирање на меѓуетничките тензии.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG