Додека сунитските бунтовници освојуваат територии во северен Ирак, тие се надеваат дека ќе ја здобијат поддршката од жителите, прикажувајќи се себе си како ослободители на сунитското население во земјата. Една од правите работи што ја направија бунтовниците, беше отворање на вратите на градскиот затвор во Мосул. Симболиката на потегот беше моќна, тие што беа ослободени, според тврдењата на бунтовниците, беа жртви на режимот на шиитската влада која го прогонува мнозинското сунитско население во градот.
Бунтовниците сочинети од џихадисти, исламистички групи, возобновената група баатисти и членови на племенски групи, се надеваат дека ќе ја освојат поддршката од сунитското население кое е незадоволно.
Со таквите постапки, бунтовниците сочинети од џихадисти, исламистички групи, возобновената група баатисти и членови на племенски групи, се надеваат дека ќе ја освојат поддршката од сунитското население кое е незадоволно.
Една од причините за незадоволството е контроверзниот антитерористички закон кој беше донесен во 2005-та година, од парламент кој не беше избран на избори, во раните години од американската окупација. Тоа е периодот кога Ирак се соочуваше со бунт предизвикан од следбениците на соборениот претседател Садам Хусеин и исламистички групи. Законот оттогаш не беше повлечен, а сунитите тврдат дека се користи за да се држи нивната заедница под контрола.
Oмразата меѓу шиитите и сунитите беше поттикната во 2006-тата година по секташкото насилство што ја доведе земјата на раб на граѓанска војна. Екстремистички групи од двете страни водеа битки на ирачките улици по принципот „мило за драго“.
Во јануари 2013 година илјадници сунити протестираа против последиците од законот, против, како што велат, затварањето на стотици невини луѓе во притвор со години без судење.
Дополнителна причина за протестите беше и законот со кој се забранува членовите на соборената партија Баас да соработуваат или да станат дел од власта. Овој закон е донесен во 2003-тата година и е вклучен во ирачкиот устав. Сунитите велат дека овој закон кој претрпел мали измени во 2008-тата и натаму широко се применува за да се исклучат сунитите во целост од можноста да се вработат во јавните институции.
Сунитите се едноставно незадоволни од промената на рамнотежата на моќта во власта. За време на режимот на Садам Хусеин, сунитското малцинство доминираше во позициите на моќ, додека во денешен Ирак, моќта ја има само шиитското мнозинство.
Сунитите сметаат дека политичарите што ја претставуваат нивната заедница се маргинализирани од шиитската влада предводена од премиерот Нури ал-Малики. Во 2011 година, само еден ден откако американската војска ја напушти ирачката територија. Министерството за внатрешни работи нареди да се уапси сунитскиот вицепремиер Тарик ал-Хашеми според законот за антитероризам. Тој беше осуден на смрт во отсуство под обвиненија за секташкото насилство во 2006/2007 година. Една година подоцна беа уапсени десетина телохранители на сунискиот министер за финансии Рафе ал-Есави под обвиненија за тероризам. Тие апсења во 2012-та година предизвикаа протести кои траеја 70 дена.
По ова наредната година следеа протести со фокус на корумпираноста на владата. Тие се одвиваа во градови со сунитско мнозинско население, но добија и мала поддршка во некои шиитски области. Но, во април 2013 година, во една од северните провинции избија судири меѓу сунитските демонстранти и безбедносните сили при што загинаа 38 луѓе. Неколку месеци подоцна следуваа судири во западната провинција Анбар, при што загинаа 14 луѓе.
Листата на поплаки е голема, од укинатото владино финансирање на Групата за будење, позната уште како Синовите на Ирак, до немирите кои се предизвикани од етничката и верска нетолерантност. Откако сунитските милитанти го заземаа градот Бохруз, радикалниот шиитски свештеник Моктада ал-Садр влезе во градот со својата група и уби најмалку 23 луѓе. Омразата меѓу шиитите и сунитите беше поттикната во 2006-тата година по секташкото насилство што ја доведе земјата на раб на граѓанска војна. Екстремистички групи од двете страни водеа битки на ирачките улици по принципот „мило за драго“.
Омразата и насилството во изминативе години стивнаа, но никогаш не престанаа, а во последниве месеци интензитетот на насилство расте на ниво слично на она од 2008-тата година.
Сунитите се едноставно незадоволни од промената на рамнотежата на моќта во власта. За време на режимот на Садам Хусеин, сунитското малцинство доминираше во позициите на моќ, додека во денешен Ирак, моќта ја има само шиитското мнозинство.
Засега, членовите на возобновената Баас партија се во сојуз со вооружени исламистички групи, иако имаат различни цели. Баас се залага за секуларна сунитска доминација во Ирак, додека милитантите предводени од организацијата Исламска држава Ирак и Левант се за воведување исламски калифат врз основа на екстремното толкување на муслиманското религиозно право.