Достапни линкови

Во Ирак повторно кошмар


Леснотијата со која тешко вооружени луѓе, облечени во црни униформи и со знамиња на џихад влегоа во Мосул, вториот град по големина во Ирак, треба да му испрати јасна порака на светот. Стретигискиот кошмар од нов Авганистан во срцето на Блискиот Исток стана премногу близок за да биде игнориран од меѓународната заедница.

Мосул, град од 2 милиони жители падна без борба во рацете на припадниците на Исламската држава Ирак и Левант, џихадистичко движење кое се одвои од Ал Каеда, бидејќи таа била премногу умерена.

Поразот на ирачката армија бил толку очигледен што војниците ги соблекувале нивните униформи на улица и бегале.


Пред две ипол години, по заминувањето на американските сили, претседателот Барак Обама го опиша Ирак како суверена и стабилна држава.

Но, освојувањето на Мосул го покрена прашањето дали Ирак веќе може да остане единствена држава.

Џихадистите продолжуваат да ги полнат нивните арсенали и финансиски резерви со секое ново освоено место. Исламската држава Ирак и Левант засега е фокусирана врз напредувањето во Ирак и врз создавање на нејзиниот сон за калифат.
Последното поглавје на ирачкото трагично уназадување почна минатата година кога лидерите на сунитските муслимани, протерани од шиитската влада на премиерот Нури ал Малики ја отворија вратата за враќање на силите на џихадот кои пред пет години беа истерани од сунитските сили поддржани од Американците.

Скоро 8 илјади Ирачани загинаа минатата година, исто колку и за време на меѓуверското крвопролевање во 2008. Пред шест месеци тие влегоа во провенцијата Анбар во западен Ирак, упориште на сунитскиот бунт против американската окупација.

Ја презедоа контролата врз Фалуџа која ја имаа освоено Американците пред една деценија во една од најкрвавите нивни битки од Виетнамската војна.

Ирачките безбедносни сили не успеваат да ги запрат и сега бунтовниците напредуваат кон Багдад.

Во исто време Малики победи на општите избори во минатиот месец, а во тоа многу му помогна и неговото ветување дека ќе се справи со кризата.

Навистина, граѓанската војна во соседната Сирија каде што сунитското мнозинство се бори против режимот многу придонесе и за дестабилизирање на Ирак.
Но, ако Ирак доживее секташки распад, тоа ќе биде бидејќи во земјата се загуби националното чувство. Малики ги контролира министерствата за одбрана и внатрешни работи, но пред се, како што велат познавачите на тамошните прилики, за зачувување на власта.

Корупцијата е толку раширена што скоро милионската ирачка армија која е обучувана од Соединетите Држави секојдневно страда од проблеми во снадувањето на основните потреби.

Премиерот Малики мора брзо да реагира. Џихадистите продолжуваат да ги полнат нивните арсенали и финансиски резерви со секое ново освоено место. Исламската држава Ирак и Левант засега е фокусирана врз напредувањето во Ирак и врз создавање на нејзиниот сон за калифат.

Но, не смее да се потцени ризикот припадниците на оваа група да ја искористат моќта за покренување глобален џихад.

Една деценија по катастрофалната инвазија предводена од Соединетите Држави, мислењето на Западот за Ирак е опасно ограничено. Вашингтон би можело да му помогне на Малики, но само самите Ирачани можат да го спречат евентуалното распаѓање на нивната земја.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG