Владата презема пакет мерки за социјално ранливите категории што многумина ги сметаат за полулистички, но многу граѓани со ист впечаток дека средната класа е заборавена и е доведена до работ на преживување. Тие велат дека стандардот е најголем проблем и дека не е воопшто возможно да се живее во државава со платите што во просек се земаат.
Апсурд е да кажеш дека се доволни 10, 15 или 20 илјади денари. Потребни се 30 илјади денари за да преживееш, не да живееш, да преживееш во овие услови сега.Анкетиран граѓанин.
За да се истурка месецот до крај со подмирување на сите сметки е неопходно да се зема плата од најмалку 30 илјади денари. Постојано цените за животните трошоци растат, а зголемувањата на пензиите што се прават носат минорни ефекти дополнуваат некои граѓани.
„Еве во Сараево возачите земаат 600 евра плата, а ние околу 25 илјади или 450 евра.“
„Да речеме дека е над 20 илјади. За храна се издвојува најмногу, кога ќе исплатите сметки за вода, струја,телефони, не ви останува за другите потреби. Ќе купите ефтини чевли што се за едно носење, чорапи 3 за 100.“
„Апсурд е да кажеш дека се доволни 10, 15 или 20 илјади денари. Потребни се 30 илјади денари за да преживееш, не да живееш, да преживееш во овие услови сега“, изјавија дел од граѓаните за рубриката Хајд парк.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Обратете се во Статистика, според сите податоци ние дефинитивно сме на дното според куповната моќ на нашата плата, односно на некој начин ние ни немаме реален пораст на платата.Абдулменаф Беџети, универзитетски професор.
Економистите и забележуваат на владата дека мерките што ги презема не се економски мерки, туку популистички. Секое зголемување кое нема против ефекти во делот на продуктивноста не е економска мерка, туку претставува повеќе социјална мерка и со тоа се враќаме во социјалистичкото стопанство, вели професор Абдулменаф Беџети. Но дека во меѓувреме нема никакво придвижување во економијата кое може да го почувствуваат најголемиот дел од граѓаните може да се види во реалноста, додава Беџети.
„Обратете се во Статистика, според сите податоци ние дефинитивно сме на дното според куповната моќ на нашата плата, односно на некој начин ние ни немаме реален пораст на платата, туку имаме реално намалување за еден процент, без разлика на номиналното покачување што одвреме- навреме владата го прави.“
Без да навлегува во тоа дали ќе има доволно средства во буџетот да се подмирува пакетот мерки за социјално ранливите категории Беџети вели дека во принцип политиките на субвенционирање на социјалните случаи не се во духот на десничарска влада и не се во согласност со основните пазарни услови, односно дека тоа претставува преседан за структуралните реформи во економијата.
„Во однос на тоа дали ќе влијае или не на долгот, доколку продолжи со донесување на вакви мерки, сигурно дека на крајот на краиштата секој дефицит во буџетот завршува со зголемување на долгот.“