Дури и очекувам и за проблемот за името да се оди дотаму да се оди на некоја комбинација за арбитрарно решавање, со тоа што најверојатно највлијателните земји, односно земјите од Советот за безбедност на ОН со нивни претставници ќе се вклучат во решавање на проблемот со името, затоа што тоа значи отворен и сигурен пат кон членство во НАТО и во ЕУ, вели новиот претседател на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Рамадани, што покажува назначувањето на господинот Зоран Јолевски за министер за одбрана по неговиот седумгодишен престој во САД каде што беше македонски амбасадор и преговарач за името? Каква порака се праќа со тоа и дали воопшто има некаква порака?
Мислам дека за јавноста беше едно изненадување, едно од главните изненадувања во тие предлози за министри во одредени ресори, но може да се образложи дека господинот Јолевски прво сепак беше амбасадор во САД и ние добро знаеме и јавноста знае кое е влијанието на САД и за членство во НАТО и за сите прилики во Република Македонија и ако веќе поминал неколку години таму, тогаш јасно е дека очекувањата се дека неговите конекции, неговото искуство може да придонесе сепак Република Македонија во овој сегмент да има подобра позиција, односно да воспостави и понатаму добри контакти во однос на членството во НАТО. Второ, господинот Јолевски пред да отиде како амбасадор во САД, тој беше член и на Евроатлантскиот совет на Република Македонија, така што со НАТО прашањата, со евроатлантските интеграции беше врзан од тогаш. Уште еден момент што можеби исто е значаен е што тој беше во кабинетот на покојниот претседател Борис Трајковски, беше шеф на неговиот кабинет, и од тоа време сигурно додека бил до него е останато нешто од пријателства, конекции со влијателни да речеме и политичари и дипломати кои понатаму може да се искористат да се добие нешто повеќе, и во однос на решавање на проблемот за името и во однос на членството во НАТО.
Што очекувате сега пред Самитот во септември, иако Македонија може да стане членка на НАТО на секој состанок на амбасадорите и да ја добие таа покана?
Самиот самит кој веќе треба да се одржи на почетокот на септември е еден предизвик за секоја земја која претендира да биде членка на НАТО и во тој предизвик се зборува многу повеќе за Самитот, што ќе се расправа таму и ние како Република Македонија не се откажуваме од тие очекувања и надежи дека ќе се разговара и за нас, но добро е да бидеме реални во една ваква ситуација, затоа што кога се организира Самит обично пет-шест месеци претходно се одредуваат и темите за кои ќе се разговара. Веќе од сега се знае дека главните теми за кои ќе се разговара ќе биде Авганистан, што понатаму, се повлекуваат силите на сите земји кои учествувале таму и сега се оди на асистирање или на тренинзи и друга помош која треба да им се дава на авганистанските сили. Втора тема ќе биде трансатлантската врска што значи дека САД и Канада уште еднаш сакаат да ја афирмираат врската со Европа, со европските земји, со тоа што сакаат да им покажат на другите - ние сме тука со Европјаните, со сиот капацитет, потенцијал и воен и дипломатски и политички. Ова доаѓа како предизвик по агресијата на Русија во Крим, односно во Украина и сето тоа што се случува во Украина и третата тема веројатно ќе биде за новите предизвици и соработката на НАТО со партнерите, предизвикот кој доаѓа од сајбер-ризиците, тероризмот, но има и една добра страна што НАТО во однос на Русија сè уште инсистира и понатаму да се соработува и сите овие проблеми сепак да се надминат и да не се врати времето на студената војна, туку да се оди низ дипломатија и политичко решавање на проблемите. Но едно е сигурно, и на Самитот тоа веројатно ќе се разговара, НАТО ќе ја зацврсти позицијата, и на воен, и на политички и на дипломатски план на границите со земјите кои не се во НАТО, затоа што имаме ситуација со Русија, имаме најнова ситуација во Ирак, каде што Турција инсистираше НАТО да биде повеќе вклучен и најверојатно ќе биде вклучен на границите со Ирак и со другите земји поголемиот дел од нивниот воен и дипломатски потенцијал за да ја засили позицијата во тие кризни региони.
Значи, точка за проширување со нови членки нема да има?
За проширување сега засега нема. Можно е нешто на наредниот подготвителен совет кој се одржува овие денови на ниво на министри, каде што конечно ќе се утврди дневниот ред за Самитот во Велс, но мали се очекувањата дека на дневен ред ќе биде проширувањето. Јас најмногу што очекувам во однос на земјите кои се аспиранти, во овој случај Република Македонија и Црна Гора како земји кои ги исполнуваат условите да добијат покана, најверојатно заклучокот ќе биде нешто сличен како на Самитот во Чикаго, едно повторно охрабрување за Република Македонија да продолжи со реформите и охрабрување за изнаоѓање компромисно решение со Грција, а за Црна Гора најверојатно ќе бидат задоволни ако им се овозможи со еден заклучок да ја добијат поканата за членство, но тоа да биде на ниво на амбасадори во седиштето на НАТО во Брисел без да се чека на нареден Самит, значи еден таков услов, така што и Црна Гора и Република Македонија ќе бидат на ист ранг во однос на интеграцијата кон НАТО, со тоа што за Република Македонија проблемот е малку потежок и посензитивен, затоа што сепак се работи за името на државата.
Какви се интересите на НАТО во однос на овие држави од Западен Балкан апропо овие кризни жаришта што се отворија, затоа што тука се отворија разни шпекулации?
Настаните во Украина и овие последни настани во дел од Ирак одат во прилог на тоа меѓународната заедница и влијателните функционери и во рамките на НАТО и во САД да преземат иницијативи, да речеме како што имаше една иницијатива од конгресмените на САД, па од поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Робертсон. Тие се иницијативи кои веќе интензивно формираат позитивна јавност за Република Македонија и пред другите земји претенденти за членство во НАТО и тоа оди во прилог на Република Македонија, но во исто време тоа значи притисок кон власта во Република Македонија, се разбира и врз Грција, дека тие треба да направат нешто повеќе во однос на решавањето на проблемот со името. Инаку, ако не направат нешто повеќе, тоа значи дека се земји кои малку придонесуваат во однос на надминување на кризите и во Украина и секаде затоа што кога претендираш да станеш членка на НАТО, тоа значи и доброто и лошото и вредностите треба да ги споделуваш со НАТО, односно не само да добиваш нешто од НАТО, туку треба и да дадеш нешто, а во овој случај му помагаме на НАТО ако и ние направиме нешто повеќе во однос на проблемите што ги имаме, еве да речеме ние со Грција или другите земји со проблемите што ги имаат.
Во таа смисла, гледате ли дека ќе се придвижат некои притисоци, очекувања или залагања од наша страна да се надмине тој проблем со Грција?
Ние веќе ако сакаме малку повеќе и подлабоко да навлеземе во состојбите во однос на решавање на името и членството во НАТО, треба да очекуваме притисоците од надвор, за кои реков дека се софистицирани, меѓутоа ќе влијаат да има притисоци и внатре во државата. Да речеме, имаме една ситуација на коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ДУИ со тој ентузијазам дека ние ќе бидеме дел од оваа коалициона влада со тоа што очекуваме дека до наредниот Самит ќе добиеме покана за членство во НАТО. Тоа е преамбициозно и една таква амбиција ако не се оствари, тогаш се појавува таа политичка криза, односно владина криза. Ако создаваме ситуација која е политички кризна во Република Македонија, тогаш и надворешниот фактор ќе биде многу поприсутен во нашата земја, дури и очекувам и за проблемот за името може да се оди дотаму да се оди на некоја комбинација за арбитрарно решавање на проблемот со Грција, со тоа што најверојатно највлијателните земји, односно земјите од Советот за безбедност на ОН со нивни претставници ќе се вклучат во решавање на проблемот со името, затоа што решавањето на проблемот за името значи отворен и сигурен пат кон тоа што значи членство во НАТО и во ЕУ.