Поделени се очекувањата на домашната експертска јавност околу исходот од политичката криза во земјава. Паралелно со добивањето на нова Влада која е речиси во ист состав како и претходната, најголемата опозициска партија ги најави петте суштински теми за кои бара да биде разговарано на претстојната лидерска средба меѓу Зоран Заев и премиерот Никола Груевски. Прво од петте барање е формирање на техничка Влада, чија цел ќе биде да организира и да спроведе избори на коишто граѓаните ќе можат слободно да ја изразат својата волја.
Професор Никола Дујоски вели дека не очекува дека ќе дојде до формирање на техничка Влада, оти според него новата влада е стабилна и има големо мнозинство.
„Техничка влада нема да има, нови избори нема да има, владата е стабилна, има големо мнозинство, но преговорите ќе покажат понатаму. Јас мислам дека власта има доволно силни аргументи дека ќе биде стабилна влада и без опозиција во собранието“, изјави Дујоски.
И професорот Алајдин Демири смета дека власта нема да прифати формирање на експертска влада, но дека истовремено нема ниту капацитет да го задржи новиот четиригодишен мандат. Во таков случај добивањето на техничка влада би се наметнало како принудно решение, вели Демири.
„Оваа влада нема да издржи четири години, затоа што време е да се соочи и да почне да ги решава проблемите на Македонија. Не верувам дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доброволно ќе одат на техничка или експертска влада, но тоа ќе се наметне како принудно.“
Не верувам дека во претстојните разговори меѓу власта и опозицијата, опозицијата ќе може да се наметне во толкава мера за да се распишат нови избори, дециден е Дујоски кој пак и очекува отстапки од опозицијата.
„Очекувам да ги уредат односите како во иднина би функционирала парламентарната активност во Македонија и очекувам опозицијата да се врати во собранието, тука ќе бидат клучните преговори, околу нивните понатамошни активности.“
Фактот што опозицијата не е во парламентот само по себе зборува за постоење на криза, а голем е притисокот кои го чувствуваат двете страни, вели Демири. Она што недостасува е политичка волја и подготвеност од страните да направат поголеми отстапки во преговорите. Но она што според него треба да биде сериозен сигнал до новата Влада е отсуството на амбасадорите на Европската Унија и на Соединетите Држави на конституирањето на новата Влада.
„Тоа е веќе порака дека ќе ја игнорираат оваа влада и на некој начин нема да ја сметаат за легитимна. Не може оваа влада да функционира без соработка и поддршка на овие две сили“, вели Демири.
Образложувајќи ја владината платформа, премиерот Никола Груевски истакна дека подобрувањето на економијата, влезот во ЕУ и НАТО, борбата против корупцијата и криминалот, одржувањето на добри меѓуетнички односи и инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија ќе бидат петте приоритети на новата Влада.
Техничка влада нема да има, нови избори нема да има, владата е стабилна, има големо мнозинство, но преговорите ќе покажат понатаму.Никола Дујоски, универзитетски професор.
Професор Никола Дујоски вели дека не очекува дека ќе дојде до формирање на техничка Влада, оти според него новата влада е стабилна и има големо мнозинство.
„Техничка влада нема да има, нови избори нема да има, владата е стабилна, има големо мнозинство, но преговорите ќе покажат понатаму. Јас мислам дека власта има доволно силни аргументи дека ќе биде стабилна влада и без опозиција во собранието“, изјави Дујоски.
И професорот Алајдин Демири смета дека власта нема да прифати формирање на експертска влада, но дека истовремено нема ниту капацитет да го задржи новиот четиригодишен мандат. Во таков случај добивањето на техничка влада би се наметнало како принудно решение, вели Демири.
Не верувам дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доброволно ќе одат на техничка или експертска влада, но тоа ќе се наметне како принудно.Алајдин Демири, универзитетски професор.