Целосниот автентичен изглед на Горни палат во манастирот Свети Јован Бигорски е вратен, по пожарот од 2009 година, и сега се работи на ентериерот, кој во поголемиот дел е завршен.
Во познатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски привршуваат работите околу обновата на Горни палат, кој беше изгорен во 2009 година во големиот пожар. Целосниот автентичен изглед на Горни палат е вратен и сега се работи на ентериерот, кој во поголемиот дел е завршен.
„Фала му на бога, по четири и пол години од кога се случи пожарот, работите за обновување на Горни палат привршуваат. Изгледот на препознатливиот Горни палат е вратен во автентичниот стил, онака како што тој беше со препознатливите чардаци и со кровот покриен од камени плочи. Останува да се доврши ентериерот во некои простории во конакот. Моментално се работи на поставување на дрвените таваници на големата трпезарија, а ќе се возобноват и некои други простории. Инаку, другите простории, како што се големата и малата трпезарија, кујната, монашките ќелии и други простории веќе се готови и тие се во функција“, вели отец Кирил од манастирот Свети Јован Бигорски.
РСЕ: Кога се очекува завршување на работите во целост?
„Со божја помош очекуваме до крајот на оваа лето, односно во септември возобновувањето на Горни палат целосно да заврши и потоа имаме намера да извршиме и осветување на конаците“, вели отец Кирил.
Во обновата на овој познат манастир се вклучија државните институции, но и многу граѓани. Свој придонес даде и месното население без разлика што тоа во поголем дел припаѓа на друга вероисповед, објаснува отец Кирил.
„Фала му на бога, значењето на манастирот за сите нас е познато, а познато е и на Владата, која даде најмногу финансиски средства за обновата, потоа граѓаните, верниците, но и оние на кои Бигорски им значи многу во нивниот живот и ја знаат улогата на манастирот за историјата на нашиот народ. Секој во рамките на своите можности подари средства за да Бигорски го врати својот сјај и уште повеќе да се разубави. Не може да не ја спомнеме помошта на локалното население. Кога некој човек се наоѓа во мака, во искушение, тогаш се гледа неговиот пријател. Кога се случи пожарот во 2009 година, меѓу првите кои пристигнаа да гаснат беше локалното население кое е од друга вера. Верата секогаш не учи да си помагаме едни на други“, вели тој.
РСЕ: Каква е соработката со месното население и локалната власт?
„Соработката со локалното население и општината Маврово- Ростуше е одлична и на високо ниво. Имаме постојани контакти и манастирот го посетува и локано население без разлика на вероисповеста. Ние ги посетуваме селата. Верувам дека овие многу добри односи и ќе се надоградуваат“, додава отец Кирил.
Манастирот Свети Јован Бигорски, кој е еден од најубавите и најзначајните манастири на МПЦ се наоѓа во прекрасниот предел на Македонија во близина на долината на реката Радика и него секојдневно го посетуваат голем број на верници и туристи.
Изгледот на препознатливиот Горни палат е вратен во автентичниот стил, онака како што тој беше со препознатливите чардаци и со кровот покриен од камени плочи.отец Кирил, манастир Свети Јован Бигорски.
„Фала му на бога, по четири и пол години од кога се случи пожарот, работите за обновување на Горни палат привршуваат. Изгледот на препознатливиот Горни палат е вратен во автентичниот стил, онака како што тој беше со препознатливите чардаци и со кровот покриен од камени плочи. Останува да се доврши ентериерот во некои простории во конакот. Моментално се работи на поставување на дрвените таваници на големата трпезарија, а ќе се возобноват и некои други простории. Инаку, другите простории, како што се големата и малата трпезарија, кујната, монашките ќелии и други простории веќе се готови и тие се во функција“, вели отец Кирил од манастирот Свети Јован Бигорски.
РСЕ: Кога се очекува завршување на работите во целост?
Соработката со локалното население и општината Маврово- Ростуше е одлична и на високо ниво. Имаме постојани контакти и манастирот го посетува и локано население без разлика на вероисповеста.отец Кирил, манастир Свети Јован Бигорски.