Постои можност, ако не се најде решение за името, сепак да се направи притисок од страна на Америка врз НАТО и пред сè врз Грција на Самитот во Велс Македонија да помине со референцата, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски во разговор за Радио Слободна Европа.
Господине Никовски, посредникот Нимиц најави посета на регионот по завршувањето на изборите во Македонија и изборите за Европските парламент во ЕУ. Дали се создадени услови за продолжување на тие разговори, што може сега да очекуваме пред Самитот во септември?
Во тек се сериозни обиди, пред сè на Нимиц, во рамките на кризата што ја зафати Украина да направи сè што може за евентуално решавање на спорот за името пред Самитот на НАТО во Велс. Тоа го започна во невообичаени услови, бидејќи никогаш досега за време на избори немало разговори и негово посредување. Овој пат тоа го направи со исклучок затоа што се работи за притисок врз него од страна на Америка, тоа е основен американски интерес во веќе отворената конфронтација меѓу Русија и Америка да се зацврсти јужното крило на НАТО со евентуално влегување во септември на Македонија и на Црна Гора. Меѓутоа, објективно нема никакви изгледи за успех, бидејќи ако беше толку лесно да се реши ова прашање, ќе се решеше многу одамна. Ама знаете, надежта последна умира, се обидуваат да го направат невозможното и во тој склоп постои сега една друга можност, ако тоа веќе не успее сепак да се направи притисок од страна на Америка врз НАТО и пред сè врз Грција на Самитот во Велс Македонија да помине со референцата. Тоа е мала можност, можеби сега засега е микронска, бидејќи токму во врска со тоа НАТО сè уште нема став - ќе има ли проширување во Велс или нема да има проширување. Чекаат да видат постои ли можност Македонија некако да „се квалификува“ или нема. Ако тука се постигне некаков напредок, преку Нимиц, веднаш ќе има проширување. Доколку нема, а тоа нема да се случи, кога Нимиц во јуни ќе ја заврши својата втора епизода од овој циклус и ќе се види дека тука нема реални можности, тогаш ќе дојде на дневен ред другата опција Македонија да влезе со референцата. Тоа за нас би било исклучително важно да се постигне, меѓутоа објективно за да дојде до таква разврска не е многу реално.
Освен тој обид на Нимиц ќе има ли некои други процеси во текот на летото, а пред Самитот на НАТО, Македонија да се придвижи кон членство во Алијансата?
Мислам дека со тоа завршува таа процедура. Нимиц и евентуалната американска спремност, подготвеност да оди со референцата. Ние тоа треба да го искористиме, треба да видиме што сè може да направиме во таа насока, да се притиска во Вашингтон на еден сериозен начин, да се бара, да се инсистира да се направи таков пробив, бидејќи објективно во последните 10 години не е можен договор со Грција, особено сега кога Златна зора станува сериозна политичка сила во земјата.