Тој ден кога ќе се доближат ставовите и ќе се реши проблемот со името или ќе се согласи Грција и без промена на името или со сегашното официјално име што го носи земјава во меѓународните односи, тогаш не мора да има ни Самит, веднаш ќе добиеме писмо дека ќе бидеме членка на НАТО, значи целиот проблем е во односите со Грција, вели универзитетскиот професор Назми Малиќи во разговор за Радио Слободна Европа.
По отворањето на темата за тоа како украинската криза може да влијае на нашето зачленување во НАТО, а самитот на НАТО е многу блиску, што може дотогаш да се направи? Што може на самиот Самит да се случи за Македонија?
Во НАТО нема практики за специјален статус кој би бил многу пожелен за Република Македонија. Имајќи го предвид сè уште спорот за името, може на Македонија ѝ е потребен некој компромис во однос на НАТО политиката кон земјата. Се разбира тоа не е лесно, бидејќи и тие компромиси се консензуални во Советот на НАТО. Септември се приближува, има голем оптимизам кај дел од политичарите дека Македонија ќе биде членка на НАТО, но не гледаме основа на која тој оптимизам се заснова, се потпира, ако ветото на Грција или несогласувањето на Грција околу името и сето тоа што значи зачленување остане во таа иста позиција, во статична позиција. Има можност за преговарање, јас мислам дека тука би можеле да помогнат и интелектуалците од двете земји и други луѓе надвор од политиката, би можеле да лобираат, а тоа што субјектите во меѓународните односи се разликуваат од сите, може да бидат многу влијателни. Тој ден кога ќе се доближат ставовите и ќе се реши проблемот со името или ќе се согласи Грција и без промена на името или со сегашното официјално име што го носи земјава во меѓународните односи, ако се согласи грчката дипломатија, тогаш не мора да има ни Самит, веднаш ќе добиеме писмо дека ќе бидеме членка на НАТО, значи целиот проблем е во односите со Грција.
Украинската криза отвори неколку сценарија во Македонија, од најпесимистички, до најоптимистички, дека можеби ете тоа ќе го забрза од една страна или ќе го блокира проширувањето на НАТО и на нашето членство. Кон која од овие опции се наклонет?
На украинската криза гледам како на побрза постапка за државите кои се во Партнерството за мир да се усогласат со одредени пораки од НАТО и да станат и членки на НАТО. Јас мислам дека септемврискиот Самит на НАТО ќе даде појасни пораки за безбедноста зона во Европа.
Очекувате ли конкретни пораки за Македонија од овој Самит?
Досега сите пораки од НАТО беа јасни – усогласете се со Грците и поканата ви стигнува во истиот ден. Сите други пораки се насочуваат кон оваа порака, да го сочуваме внатрешниот мир, да го сочуваме демократскиот кредибилитет, институциите и другите стандарди што се дел од зачленувањето и за кои сме добиле позитивна оценка, проблемот и пораката е јасна – да се усогласат преговарачките односи во проблемот со името.