Светска банка - Поголем извоз клучен за економски раст

Презентација на редовниот полугодишен економски извештај за Југоистична Европа на Светска банка.

Потребно е зајакнување на реформите, на врските меѓу извозниците и домашната економија, подобрување на бизнис средината, проблематична е и невработеноста на младите, се наведува во извештајот на Светска банка.
Македонија имаше втора највисока стапка на раст во 2013 година во однос на земјите од Југоисточна Европа, а се очекува силен раст и во оваа година. Но, долгорочно зајакнувањето на структурните реформи е важно, бидејќи тоа е поврзано со зголемување на извозот, кој е клучен за економскиот раст, соопштија од Светска банка при денешната презентација на редовниот економски извештај.
Така што мислам дека клучниот ризик за остварување напредок во оваа година ќе биде послабиот раст од проектираниот во ЕУ.
Доерте Доемеланд, од канцеларијата на Светска банка во Македонија.


Доерте Доемеланд од канцеларијата на Светска банка во Македонија вели дека е потребно зајакнување на врските меѓу извозниците и домашните економија и подобрување на бизнис средината. Според неа, фирмите имале потешкотии да пронајдат луѓе со соодветни вештини на пазарот.

„Во однос на ризиците она што го гледаме е дека економскиот раст беше придивижен од извозот, така што слабеењето на побарувачката во ЕУ поради закрепнувањето на економиите би бил еден од ризиците. Второ зголемувањето на цените на горивата може да го забават растот, бидејќи извозот зависи од нив. Тоа се двата клучни фактори“. Така што мислам дека клучниот ризик за остварување напредок во оваа година ќе биде послабиот раст од проектираниот во ЕУ“.

Како проблематично во извештајот беше наведена и невработеноста, особено на младите. Доемеланд вели дека со тоа се борат многу земји и тоа е тешко прашање и постојат само малку краткорочни решение.

Поодобрување на бизнис климата за да се зајакне побарувачката на труд. Односно фирмите да имаат потреба од повеќе работници, како и да се инвестира во правиот начин на образование за младите да ги имаат вештините кои им се потребни на фирмите“.

Во однос на буџетскиот дефицит и дека тој според извештајот достигнал ниво од 61 проценти во почетокот на годината таа додава дека владата буџетскиот дефицит го проектирала на 3,5 проценти од БДП.

„Тоа е таргетот на фискален дефицит со кој ќе го стабилизира јавен долг доколку и фискалната рамка продолжи во иднина и мислам дека псотигнувањето на буџетскиот дефицит од 3,5 проценти е важно да се достигне за јавниот долг да остане стабилен, но се уште е рано и владата има време да го псотигне таргетот“.

Од Светска банка очекуваат економскиот раст во наредната година во Македонија да биде 3,5 проценти.