СДСМ има концепт како ќе дејствува во наредниот период откако Конгресот ги прифати одлуките на Извршниот и Централниот одбор за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници, но не е време да се обелодени додека не се усвои од органите на партијата, изјави портпаролот на партијата, Петре Шилегов.

Тој додава и дека постојат цела лепеза од планирани активности кои многу наскоро ќе се најдат пред партиските органи. Партискиот конгрес на кој досегашното раководство доби доверба заврши со порака на лидерот Зоран Заев за единство и сплотеност за постигнување на крајната цел – демократски избори на кои како што рече „ви гарантирам СДСМ ќе победи, а со тоа ќе си ја вратиме татковината, ќе ја нормализираме Македонија во земја во која владее правото и ќе ја ослободиме од диктатурата.“
Она што неочекувано исплива по изборите во оваа партија, посочуваат експертите, е разногласието коe дојде до израз на партискиот конгрес, а со кое не се постигнуваат зацртаните цели онака како што раководството ги најави. Доколку тоа продолжи до некаков нов расцеп СДСМ треба да внимава дека ќе се сведе на сосема неважен политички субјект. Од оваа партија сега се очекува да остане доследна на позицијата која ја зазеде до сега за да не ја изгуби довербата кај своите приврзаници и остави впечаток дека нема капацитет за поголеми потез, посочува професорот Здравко Савески.
„Она што во моментот е алтернатива е „долг марш“ надвор од институциите, нешто слично како што беше во периодот 1994 -1998 година, кога тогашната опозиција издржа на својот бојкот на Парламентот и тоа граѓаните го оценија како правилно постапување и им дадоа доверба на следните избори“, вели Савески.
Сите опции се во игра, најави Заев пред изборите, па дури и уличната демократија доколку власта како што рече не се освести и не престане со притисокот врз гласачите. Ваквиот потег доколку дојде до тоа, Савески смета дека не смее да се случи избрзано поради можниот бумеранг ефект, зошто, како што вели, енергијата во СДСМ, но и меѓу граѓаните кои се незадоволни од власта се уште не оди во прилог на масовни протести.
„Она што тие треба да го направат е да продолжат со делегитимизирање на власта, значи со нудење на аргументи зошто нивната позиција е исправна и да ги уверуваат граѓаните во тоа.“
Веројатно следниот чекор ќе бидат уличните протести, анализира Савески, но за тоа СДСМ ќе треба да почека одреден фрапантен настан или податок кој ќе предизвика мобилизација и масовност.
Ви гарантирам СДСМ ќе победи, а со тоа ќе си ја вратиме татковината, ќе ја нормализираме Македонија во земја во која владее правото и ќе ја ослободиме од диктатурата.Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Тој додава и дека постојат цела лепеза од планирани активности кои многу наскоро ќе се најдат пред партиските органи. Партискиот конгрес на кој досегашното раководство доби доверба заврши со порака на лидерот Зоран Заев за единство и сплотеност за постигнување на крајната цел – демократски избори на кои како што рече „ви гарантирам СДСМ ќе победи, а со тоа ќе си ја вратиме татковината, ќе ја нормализираме Македонија во земја во која владее правото и ќе ја ослободиме од диктатурата.“
Она што во моментот е алтернатива е „долг марш“ надвор од институциите, нешто слично како што беше во периодот 1994 -1998 година, кога тогашната опозиција издржа на својот бојкот на Парламентот и тоа граѓаните го оценија како правилно постапување.Здравко Савески, универзитетски професор.