Достапни линкови

Шилегов - Конгресот ќе покаже дека нема раздор во СДСМ


Ако во една партија се дискутира и дебатира за определени прашања не значи дека постои раздор, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој не очекува на Конгресот на 11 мај да има промени во партијата.

Господине Шилегов, СДСМ ги врати пратеничките мандати. Кој е следниот чекор на партијата?

Кандидатите за пратеници на Социјал- демократскиот Сојуз потпишаа изјави со кои не ги прифаќаат мандатите, а кои ќе бидат употребени во понатамошната постапка, бидејќи очекуваме дека Државната изборна комисија согласно законските надлежности ќе ги достави мандатите од СДСМ и до коалицијата.
СДСМ во иднина ќе ги направи сите институционални, но и вон институционални потези кои ни стојат на располагање со цел Република Македонија да биде доведена во ситуација како држава да може да организира нормални, фер и демократски избори.


Ние кажавме дека изборите не го признаваме, ниту изборниот процес, ниту изборните резултати, бидејќи се одвиваа во крајно недемократска – нефер атмосфера, под силен притисок и всушност за таквите избори најдобро зборува извештајот на ОБСЕ/ОДИХР којшто го прифатија и Стејт департментот и ЕУ. СДСМ во иднина ќе ги направи сите институционални, но и вон институционални потези кои ни стојат на располагање со цел Република Македонија да биде доведена во ситуација како држава да може да организира нормални, фер и демократски избори.


Дали тоа беше единствениот начин што можеше СДСМ да го преземе после овие избори?
Ако во една партија се дискутира, за жал во Македонија заборавивме дека може да се дебатира за сите прашања, ако во една партија се дискутира и дебатира за определени прашања не значи дека постои раздор.


За жал да. Ние како Социјалдемократски сојуз во изминатиот период, особено во изминатите две години, силно укажуваме на тоа дека во Македонија не можат да се одвиваат фер и демократски избори, меѓутоа до крај инсистиравме и дававме можност на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски да организираат таков тип на избори, тогаш стана повеќе од очигледно за сите, вклучително и домашната и меѓународната јавност дека такви избори ВМРО-ДПМНЕ не е во состојба да организира. Едноставно ние сметаме дека не е потребно ние да даваме легитимитет на така организираните избори и на така избрана влада.

Се шпекулира за раздор и незадоволство во партијата. Колку е тоа точно?

Не е точно, бидејќи одлуките за неприфаќање на мандатите и Извршниот и Централниот Одбор ги донесоа едногласно. СДСМ на 11 мај ќе одржи Конгрес на кој ќе се гласа за довербата на актуелното раководство и тогаш мислам дека сите ќе се уверат дека не станува за раздор во СДСМ. Логично е, нормално е во една партија којашто е демократска, како што е Социјалдемократскиот сојуз, да има различни размислувања за определени позиции. Ако во една партија се дискутира, за жал во Македонија заборавивме дека може да се дебатира за сите прашања, ако во една партија се дискутира и дебатира за определени прашања не значи дека постои раздор.

Господине Шилегов, може ли на следниот конгрес да има некакви промени во партијата?

Не очекувам дека ќе дојде до таков тип на промени, имајќи го предвид единството при донесување на одлуките од страна на сите членови на Извршниот и Централниот Одбор.

Како отсуството на опозицијата од Парламентот ќе влијае на евроатланските интеграции, со оглед на критиките од меѓународната заедница за таквиот ваш чекор?

Тоа повеќе треба да биде грижа на оној кој го доведе Социјалдемократскиот сојуз и општо Република Македонија во оваа позиција. Не може тоа да биде проблем на СДСМ, за тоа веројатно некој требало да размислува кога се одлучил да спроведе избори од таков тип каков што имавме.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG