Претседателските кандидати често го користат името господово во реторика, одат по цркви, манастири, џамии, палат свеќи, се сликаат со свештеници.
Религијата си најде свое место во предизборната кампања. Претседателските кандидати често го користат името господово во реторика, одат по цркви, манастири, џамии, палат свеќи, се сликаат со свештеници, ја потенцираат својата религиозност, ги користат празниците за да дојдат до граѓаните.
Кандидатот на ВМРО Ѓорге Иванов често го истакнува значењето на религијата, ги почитува адетите, се пофали дека бил првиот претседател што организирал ифтарска вечера, a на една средба со граѓани дури ја изнесе и својата идеа дека на господ треба да му се помогне.
„Ама во демократија и на господ треба да му се помогне, господ сè сам не може, треба да се излезе на избори и да се гласа“, рече Иванов.
И кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, не заостанува многу, и тој беше во посети на цркви и џамии, палеше свеќи.
„Јас сум православен христијанин, но таман работа да се обраќам на православните христијани, а да ги заборавам муслиманите, значи затоа одам кон концептот граѓанин“, рече Пендаровски.
Кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски, кој излезе од претседателската трка, во едно интервју рече дека не е верник.
„Не, ја сум биолог по професија, меѓутоа почитувам вера, сакам луѓето да веруваат во верата“, рече Поповски.
Тие кои се борат за власт во предизборието не треба да го нагласуваат својот односот кон религијата, затоа што граѓанската демократија не треба да се потпира и да се повикува на религијата во изборна кампања. Но сето тоа политичарите го прават од практични причини, вели социологот, професор Илија Ацески.
„Тие луѓе кои се идни носители на власт сакаат да покажат дека се верница, а со тоа и да го потврдат својот статус дека ќе бидат добри, дека ќе бидат доблесни, дека ќе бидат морални, што мислам дека му фрла сенка на самиот изборен процес.“
Политичарите никогаш не се воздржувале од користење на религијата, вели Александар Цветкоски од АГТИС.
„Кај нас сега е модерно да имаме религиско поведение, да одиме в црква, да се молиме, а нема врска што правиме преку денот и колку грешиме. Тоа е мода едноставно која кандидатите ја прифаќаат или не ја прифаќаат зависи од својата ориентација и зависи од процената дали тоа им користи или не им користи.“
Минатогодишното истражување на Галуп покажа дека деведесет отсто од македонските граѓани се изјасниле како религиозни. Во претходното истражување спроведено во 2005 година процентот на религиозните граѓани во Македонија изнесуваше 85 отсто.
Тие луѓе кои се идни носители на власт сакаат да покажат дека се верница, а со тоа и да го потврдат својот статус дека ќе бидат добри, дека ќе бидат доблесни, дека ќе бидат морални, што мислам дека му фрла сенка на самиот изборен процес.Илија Ацески, социолог.
Кандидатот на ВМРО Ѓорге Иванов често го истакнува значењето на религијата, ги почитува адетите, се пофали дека бил првиот претседател што организирал ифтарска вечера, a на една средба со граѓани дури ја изнесе и својата идеа дека на господ треба да му се помогне.
„Ама во демократија и на господ треба да му се помогне, господ сè сам не може, треба да се излезе на избори и да се гласа“, рече Иванов.
И кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, не заостанува многу, и тој беше во посети на цркви и џамии, палеше свеќи.
„Јас сум православен христијанин, но таман работа да се обраќам на православните христијани, а да ги заборавам муслиманите, значи затоа одам кон концептот граѓанин“, рече Пендаровски.
Кај нас сега е модерно да имаме религиско поведение, да одиме в црква, да се молиме, а нема врска што правиме преку денот и колку грешиме. Тоа е мода едноставно која кандидатите ја прифаќаат или не ја прифаќаат зависи од својата ориентација и зависи од процената дали тоа им користи или не им користи.Александар Цветкоски, АГТИС.