Задолжувања за раздолжувања и во иднина

Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори. .

Тие задолжувања владата не ги враќа туку постојано кога доспеваат старите ги отплаќа со земање нови кредити. Тоа е системот кој се случува и ова недела во предзиборието, коментира професор Никола Поповски.
Кај домашните кредитори државата ќе се задолжи за нови 25 милиони евра, а веќе следува раздолжување за речиси истата сума. Економистите потсетуваат дека трендовите на задолжување се почнати во 2009 на посериозно ниво и секоја година се зголемуваат и оти дефицитот е 250 милиони евра на годишно ниво. Тие задолжувања владата не ги враќа туку постојано кога доспеваат старите ги отплаќа со земање нови кредити. Тоа е системот кој се случува и ова недела во предзиборието, коментира професор Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Нема никаква шанса владата да се извлече од ова и тоа значи дека ќе зема нови кредити за да ги враќа утредента старите, а во меѓувреме да ги плаќа каматите на тие износи.
Никола Поповски, универзитетски професор.


„Владата практично секој вторник мора да зема нови кредити во овој случај државни обврзници и записи со цел да ги врати они кои доспеваат од порано, од пред три месеци, од пред шест месеци или од пред една година и со оглед на нивото на задолжувањето, со оглед на периодот од неколку години во кои ова се случува, треба да очекуваме дека овој процес во иднина уште долго ќе се влече.“


Ако почне владата да ги враќа парите што доспеваат со средства од буџетот ќе треба да се откаже од многу од нејзината потрошувачка, дополнува Поповски.
Изгледа дека владата има најдено друг пат, полесен, поефикасен, ама за жал со поголеми финансиски трошоци.
Арбен Халили, Стопанска комора на северо - западна Македонија.


„Со оглед на големото ново, 800 - 900 милиони евра во денари на домашно ниво, нема никаква шанса владата да се извлече од ова и тоа значи дека владата секој вторник, секој втор вторник, како што е календарот на задолжување да зема нови кредити за да ги враќа утредента старите, а во меѓувреме да ги плаќа каматите на тие износи.“

Ова значи дека не чека уште многу години на постојано задолжување за да се плаќаат старите. Ако ова продолжи со нови 300 милиони секоја година имаме добра перспектива за постојано земање нови кредити што не е добра вест за економијата, заклучува Поповски.

Најновото задолжување се реализира преку две аукции на државни записи, со рок на достасување од една година, односно шест месеци.

Според Арбен Халили од Северозападната стопанска комора има и подобри начини на задолжување преку ММФ, но владата не е заинтересирана да се задолжи таму, зошто во тој случај има стриктна контрола врз трошењето на парите.

„Изгледа дека владата има најдено друг пат, полесен, поефикасен, ама за жал со поголеми финансиски трошоци.“

Стопанствениците велат дека сакаат се почестите задолжувања што ги прави владата да отидат за вистински потреби односно во економијата, подобрување на патната инфраструктура и за подобрување на економскиот живот за сите граѓани како и за подобри услови за компаниите.

Заклучно со февруари, јавниот долг на централната влада се зголеми на 35,2% од БДП, односно на 2.807.000 евра.