Не е вест дека медиумите се пристрасни за избори

Пристрасното медимско покривање на изборите беше очекувано, велат експертите. Граѓаните повторно не можеа да добијат вистинска информација за тоа што се случува.
По забелешките на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР по завршувањето од првиот круг од претседателските избори дека еден од проблемите е пристрасноста на медиумите ова согледување доби потврда и од други организации.
Кога медиумите премногу изнасилено, негативно известуваат за одредена политичка група, за одреден кандидат, а цело време само неутрално или само позитивно известуваат за другите, значи дека автоматски се влијае на мислењето на граѓаните и на гласачите.
Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернешнл - Македонија.


Истражувањето на Трансперенс интернејшнал - Македонија направено во времето кога почнаа изборните активности се совпаѓа со наодите на мисијата на ОБСЕ. Според Слаѓана Тасева медиумите известувале неизбалансирано без да водат сметка да бидат неутрални или критични кон она што го работи власта, а во контекст на изборите тоа значи дека граѓаните не може да добијат вистинска информација за тоа што се случува.


„Кога медиумите премногу изнасилено, негативно известуваат за одредена структура, за одредена политичка група, за одреден кандидат, а цело време само неутрално или само позитивно известуваат за другите, значи дека автоматски се влијае на мислењето на граѓаните и на гласачите, а тоа не треба да биде улога на граѓаните.“
На медиумската сцена во Македонија со изместени уредувачки политики, со неурамнотеженост во известувањето, така да таквото медиумско покривање на изборите беше, за жал, сосема очекувано.
Климе Бабунски, комуниколог.


Истражувањето е направено во рамки на поширока анализа од 17 март до 13 април кога е следено известувањето на одбрани медиуму. Комуниколозите нагласија дека таквата медиумска сцена го минимизира и го оневозможува придвижувањето кон демократско општество.

Климе Бабунски коментира дека последните согледувања не се вест туку дека се вест во низа. Се работи за нешто што не е само за време на избори, туку е константа во медиумскиот простор.

„Една непроменлива варијабала би се рекло. На медиумската сцена во Македонија со изместени уредувачки политики, со неурамнотеженост во известувањето, така да таквото медиумско покривање на изборите беше, за жал, сосема очекувано.“

Ова во контекст на изборите не создава услови за нивна регуларност од аспект на медиумско претставување и информираност на луѓето, велат експертите. Јасна е тезата дека без урамнотежено фер и слободно изразување вклучително и медиумско нема слободни избори и тоа не ни се случува за првпат.

„Ако не понатамошно тонење на таквите скали, бетонирање на неславната позиција што сега ја има Македонија.“

Според Бабунски со ова се обезбедени сите услови за натамошно тонење на земјава на незаобиколните рејтинзи за слобода на медиумите во светот.